Top
20249

Нова кампања на MANGO снимена во Париз

Шпанскиот бренд MANGO повторно соработува за новата сезона со фотографот Марио Соренти, а како ѕвезди во кампањата се појавуваат топ моделите Ана Еверс, Амбер Валета и Фреја Беха Ериксен. Во истата се појавува и француски глумец Оливие Мартинез, кој освојува со својот шарм и таинственост. Снимена на различни скриени места во Париз, рустичниот изглед на старите градби и големите градини, даваат автентичност и мистичност на кампањата.

20282

20269

Есенските трендови се претставени преку новите изгледи на „малиот црн фустан“, палтата со широк крој и флоралните принтови кои се идеални за есента. Неизбежни се и кожната моторџиска јакна со волна, гламурозните вечерни фустани со набори, палта во различни кроеви, карирани сакоа, парка со широк крој, како и смелиот изглед на удобните плетени парчиња.

20263

Исклучително посветена на комплетирање на вашата гардероба за оваа сезона, колекцијата на MANGO за есен/зима ’17 носи живописни и класични нијанси како „бургунди“, окер, маслинесто зелена, светкаво сина, сива и други есенски тонови кои ќе го нагласат модниот момент.

20260

20264

20267

20272

Погледнете го видеото од кампањата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>