Top

Мигел Анхел Силвестер и Андреа Молина се бренд-амбасадори во зимската кампања на SPRINGFIELD

SPRINGFIELD го претставува новиот моден филм во кој можеме да го откриеме секојдневниот живот на актерот Мигел Анхел Силвестер познат по своите улоги во сериите Sense8 и Narcos, кој заедно со актерката Андреа Молина ги претставуваат клучните парчиња за сезоната.

A Common Life“ – секојдневниот живот е мотото на кампањата за оваа сезона каде што се претставува автентичноста на секоја индивидуа, спонтаноста и едноставноста, вредности кои се дел од ДНК на брендот. Преку модното видео во кое се претставени секојдневни ситуации со кои секој може да се идентификува, заедно со бренд-амбасадорите Мигел Анхел и Андреа откриваме како да го направиме секој момент уникатен.

Мигел Анхел прикажува спонтан и слободен пристап во модерен и тренди изглед, но ја прикажува и сензитивната страна, близината која ја негува со своите најдраги, без разлика на интернационалната слава и признаеност. Покрај него, Андреа ја претставува типичната SPRINGFIELD девојка – природна и забавна, давајќи свежина, едноставност и младешки дух на кампањата.

Мигел Анхел Силвестер изјави:

Навистина сум среќен што сум дел од SPRINGFIELD фамилијата. Кампањата е внимателно изработена и јас сум восхитен од резултатот.

A, на тоа Андреа Молина додаде:

За мене претставува вистинско задоволство што SPRINGFIELD ми веруваше и ме одбра за оваа кампања. Навистина се идентификувам со пораката која се пренесува преку кампањата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>