Top
Bitsiani-maturanti-iLike-mk-00

Стилски водич за матуранти од „Bitsiani“

Со доаѓањето на сезоната на матури неизбежна е потрагата по комбинација со која матурантите ќе бидат впечатливи и уникатни, а сепак ќе го задржат младешкиот дух. Веќе трета година по ред, „Bitsiani“ подготвува стилски водич за матуранти со кој сака да им даде идеи и да разреши некои од дилемите кога станува збор за облека за овој вид на прослава.

Како што е вообичаено за „Bitsiani“, комбинациите се колоритни и даваат свежа интерпретација на актуелните модни трендови. Силуетата ја следи линијата на телото, а бои кои доминираат се сината и бежовата, дополнети со потемни нијанси и поинтензивни тонови. Обувките се важен дел од секоја комбинација и тие ја дополнуваат приказната за младиот, модерен човек кој самоуверено ја носи облеката и наоѓа начин преку неа да го изрази својот сензибилитет. Модните додатоци како марамчиња, вратоврски, беџови и манжетни се неизбежни и можат да се комбинираат на безброј начини.

Во стилскиот водич, освен предлог комбинациите, матурантите ќе може да најдат и корисни текстови за комбинирање на бои, врзување вратоврска, носење џебно марамче и сл.

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Димитар Амски од агенцијата Моделс Ин, за шминка задолжен беше Дарко Мишовски, а за фризура салонот „HairDo“.

Водичот наскоро ќе биде достапен во продажните места на „Bitsiani“, во рамките на списанието „Теа Модерна“ и на уште неколку соодветни локации низ градот.

Bitsiani-maturanti-iLike-mk-01

Bitsiani-maturanti-iLike-mk-02

Bitsiani-maturanti-iLike-mk-03

Bitsiani-maturanti-iLike-mk-04

Bitsiani-maturanti-iLike-mk-05




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *