Top
10GodBATA

10 години „BATA“ во Македонија

Овој јуни италијанскиот бренд за чевли „BATA“ слави десет години постоење во Македонија. Во двата продажни салони во Скопје, љубителите на модерниот дизајн и врвниот квалитет секоја сезона може да најдат чевли кои ги следат последните трендови, а во исто време се удобни и гарантираат пријатно чекорење.

Овој значаен јубилеј го одбележуваме преку повеќе активности и изненадувања за купувачите, но и преку интересна соработка со дел од пријателите на „BATA“. Тие добија задача да го одберат својот омилен модел „BATA“ чевли за сезонава и да го инкорпорираат во сопствениот, препознатлив стил. Фотосесијата на која навистина беше забавно и интересно да се види како секој го интерпретира брендот, ги вклучи Ана и Елена од веб страната Скопје се носи, модниот новинар Небојша Толески од Теа Модерна, Виктор Цветановски одговорен за кастинг на Моден викенд Скопје, дизајнерката Ивана Кнез, стилистката Милена Танаскоска, Марија Мечева уредник во Fashionel.mk, Бојан и Марија од Eye Cue, Aна Несторовска и Катерина Тrајановска од Stylist.mk, блогерката Емилија Вучиновска и Бојана Максимовска од списанието Портрет.

Eye Cue

Eye Cue

Чевлите BATA се спремни за сите твои авантури, дали си и ти?

Stylist.mk

Stylist.mk

Виктор Цветановски

Виктор Цветановски

Емилија Вучиновска

Емилија Вучиновска

Мојата љубов кон добар пар на чевли од мајка ми се префрли и на мене. Кога станува збор за купување на чевли, Бата е секогаш мој прв избор. Сите модели на чевли од Бата знаат да ја заведат мојата имагинација и да ја трансформираат мојата облека. Знаат да ми го подигнат расположението на повисоко ниво. Довербата е исто така чувство кое ме прати додека ги носам моделите на Бата, бидејќи се додаток кој во истовреме ја декорира мојата нога и и дава доза на удобност со нивната прецизна изработка и внимателно одбрани природни материјали. Тие се дефинитивно причина плус да се чувствувам одлично во сопствената кожа.

Бојана Максимовска

Бојана Максимовска

Небојша Толески

Небојша Толески

Марија Мечева

Марија Мечева

Милена Танаскоска

Милена Танаскоска

Ивана Кнез

Ивана Кнез

Во секое време, за секоја прилика, магични чевли кои освојуваат погледи.

Скопје се носи

Скопје се носи

Задолжени за фотографија беа Ани и Дими, додека пак за шминката се погрижи Васе Доковски.

Брендот „BATA“ постои од далечната 1894 година, а е основан во поранешна Чехословачка од страна на Томаш, Ана и Антонин Бата, кои уште на самиот почеток поставиле нови стандарди во производството заменувајќи ја класичната работилница со погон од најпрво 10, а веднаш потоа 50 вработени. Денес „BATA“ има повеќе од милион купувачи дневно, а за тоа е заслужен бизнис моделот базиран на квалитет и достапност, водечки производи и постојана иновација.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>