Како највпечатливи статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, во период од 22 октомври 2014 година до 31 октомври 2014 година, ги издвојуваме следнивe:
Колку „да“ ви тежи едно „не“?
Животот е лесен.
Како пливање.
Со врзани раце.
И нозе.
Со камења на грб.
Во солна киселина.
Додека баба ти те кара дека не си јадел.
Колку снуза ви е тешко станувањето?
Од тешкотии во зима, најмногу мразам кога сум покриен и треба да станам да мочам.
Во ресторан во Македонија:
– Добар ден, повелете…
– Добар ден, што ќе ми препорачате?
– Оди си од државава побргу, туку што ќе нарачаш?
Ако не пуштаат парно, барем нешто музика нека пуштат, да не се пресам на празно!
Што џабе си купувала проѕирна кошула, си можела само по прслук да излезеш.
Јас разбирам да се сакате, ама цело време да сте заедно, а кога не сте заедно да зборувате на телефон не можам да разберам.
Сакам Божиќ со најблиските и со камин и со елка и со подароци и со сијалички на прозор и со сè.
Мрзата е најголем непријател на талентот.
Најмногу сакам кога ќе ми се јават „онака“. На тие им значиш.
Од зима, најмногу го мразам делот кога треба да облечам ладни фармерки.
Не си ги барајте бившите во идните.
Има причина зошто се бивши.
- Дали засекогаш ќе бидеш покрај мене?
– Ама јас на Рекорд се симнувам!
Ќе ставала тетоважа…Срц, за таа килажа графит се вика, добро?
Како да исфилтрираш сељаци од твојот паблик профил:
1. Пишуваш “Нашиот испеа најбоље на Гранд”
2. Гледаш кој лајкал и коментирал
3. Блок!
“Скопје гори” да се прекрсти во “Скопје смрди”
Одувек сум знаела да изберам погрешни пријатели и вистински штикли!
Англиски: Ok, bye
Албански: Aj tung
Македонски: Епа ајде тогаш, важи, обавезно да да, ќе ја поздравам фала, важи, важи, не не не заборавам таман работа, ајде, да да, ај ај.
Сопругата на хрватскиот премиер: Ако ви е скап лебот, сечете го на потенки кришки
Јас: Ако си глупа, не давај изјави!
Потрошувачката кошничка е 30 000 денари. Кузнае колку е количката.
Јас и да добијам карти од Виз Ер ќе ми фалат пари за до аеродром.
- За колку ќе си готова? Сега е 8.
– За пола саат, во 10 биди доле.
Уживам во кафево ко да ми е задње пошо кај и да е ќе дознае мајка ми дека стаив у машина бели и шарени заедно.
Вие шо ми давате совети за мое добро, одјебете за ваше добро!
Бабо, сплети ми 100 евра!
Се будиш од попладневна дремка и не знаеш кај си, кој ден е, дали е ден или ноќ, дал имаш сестра или дечко….ок, дечко сигурно немаш…
- Бабо имам ебола!
– Донеси го да ти го испере баба!
Веќе и мечките сон не ги фаќа во Македонија.
- Кои сте вие???
– СТУДЕНТИТЕ!
– Што сакате???
– Ништо бе ништо… кој рекол дека сакаме нешто, уживај…
Таа што кога си исончан те лупи нежно и внимателно како пиперка за ајвар, е таа да си ја чуваш бе лепотане.
За Halloween треба да ги објавуваат таблоата со слики без фотошоп.
И кога мислам дека не мислам на тебе, пак мислам на тебе.И кога мислам дека не мислам на тебе, пак мислам на тебе.
Викајте ме расист ама го јадам само белото месо од кокошката.
Во ресторан:
Како го сакате стекот господине?
– Еднаш сликан на инстаграм.
Единица мерка за мрзливост да измиеш садови:
– Треба да покиснат.
Спонзоруша – модерен коледар.
Сезоната на “Каде за Нова Година?” е отворена.
Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите за тоа кој ќе ни даде повеќе иселенички визи. – Гоце Делчев 2014
Ме сакаш?
– Истрагата е во тек.
Од вештерки во живо сум видел кафански пејачки.
Душо не треба да се маскираш ти и онака си тиква.
Ќе видите сите кога ќе се осамостојам, кога ќе обезбедам сопствен кров над главата, па ќе умрам.
Не ме ставај настрана, ќе ме заборавиш.
Денеска разговарав со креветот и ми вели: „Одамна не сме врзале никого за мене“. Емотивен е многу, сака да се врзува.
- Еднаш барем да ме прашаше како ми е!
– Како ти е?
– Не ме прашуј како ми е!
Данте, направи ми еден круг да паднам во него.
Во Ресен за Halloween не се маскираме зошто срамота е.
Одам до App Store да земам некој ап, ме уби главата од сабајле.
Да бев турист и јас ќе се сликав со „барокните“ фасади. За да ги покријам.
Билјана бесплатно белеше. Пошто за во CV ѝ било.
Не мора да го враќаме часовникот еден час.
Во Македонија сме барем неколку века назад.
Кога си дете се нервираш што не си возрасен.
Кога си возрасен, се нервираш што не си дете.
Кога си пубертетлија, само ги нервираш сите.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!