Top
fejsbuk-statusi-iLike-mk-F

Најпопуларните фејсбук статуси (15.10.2014 – 21.10.2014)

Ова се највпечатливите фејсбук статуси во период од 15 октомври 2014 година до 21 октомври 2014 година.

Некои од нив ќе ве насмеат, а пак некои ќе ве натреаат да се подзамислите.

Мене уствари ме плаќаат да бодам луѓе со оштри предмети.

Ивона Гуцева

Многу мрзам коа сум уморна и поспана и таман ќе си легнам, телото ми вика – „Абе се заебавам само…“

Ивона Гуцева

Киндер Буено е Белисимо за богати.

Филип Стојановски

Луѓе од типот „Треба да ти кажам нешто…“
„- Кажи.“
„- Уствари не, ништо уживај.“ треба јавно да се запалат на плоштад.

Филип Стојановски

Не можам да сфатам како можете да мразите луѓе што не ги познавате.

Филип Стојановски

Имаш два типа на луѓе околу тебе:
– другари
– еј брат, ми треба услуга…

Филип Стојановски

Толку сум комуникативен што и во сон зборувам.

Филип Стојановски

Кога некој се влечка пред мене и нема како да го поминам, ми иде да го скокнам и смачкам како Супер Марио што ги скока желките.

Филип Стојановски

Откако ќе отидеш кај некого дома, второ прашање после „Кој е пасворд на вифито?“ е „Каде имаш штекер?“

Филип Стојановски

- Хехе, снаодлив сум, одам преку ред.
– Хехе, не си снаодлив, шупак си.

Филип Стојановски

Јас не вечерам касно туку доручкувам рано!!!

Ина Многу Фина

Македонска мотивација: Ајде има и полошо!

Ина Многу Фина

Одиш во центар за лекување депресија и те убедуваат дека е глупо да си тажен дур живееш во Македонија. Сфаќаш дека си глуп, а не болен. Јухууу.

Ина Многу Фина

Вистинските патриоти денес се дојдени на работа со салата во пластично.

Ина Многу Фина

Ако загледам 10 минути избори од типот на Пинк и Гранд без проблем ќе правам разлика меѓу олигофренија, душевна заостанатост и слабоумност.

Ина Многу Фина

- Мамо, шо јадење има?
– Здраво!
– Здраво мамо, шо јадење има?

Ина Многу Фина

Кога викаме брада е секси, мислиме на мажи добро?

Ина Многу Фина

Влакно не ми фали од женава што ми чисти дома. Сите се на исто место.

Ина Многу Фина

- Добра кампањава за здрава храна, нели?
– Да. Кечапмајонез?

Ина Многу Фина

Знаеш дека си мрза ако место да станеш да го најдеш двд-то си бараш торентче.

Ина Многу Фина

Толку сме оптеретени за тоа кој доаѓа кај комшииве горе што сфатив дека Македонија е комшиката од први.

Ина Многу Фина

Од здрава храна поштуем коа здраво ќе се настегам свинско.

Ина Многу Фина

Оној аудио ерор шо го имаат сите мајки шо кога ќе им речеш „излагам“ им се слуша „одам на оргии со оружје и дрога и без јакна“!

Ина Многу Фина

Малку познати факти: Магла е Чад со факултет!

Ина Многу Фина

Народот остана без коментари!
– Нека ставаат стикери!

Иван Медо Димоски

Ѕвонче, багаж, куфер, корпа, ремен, шише за вода, шише за сок, прва помош, втора помош, помош од пријател, трета мајка, резервна гума, гума за пливање, гума за бришење, резервни ѕивани, ногарка, астал за пикник, шанк столче, кацига, штитници за лакти и колена, маска, маскара, пумпа, компресор, апарат за притисок, апчиња за шекер, браник, тенда, услов за трета година на факултет, џебно православно календарче, едно ЦД со латино, рамка од слика со димензии 90 – 60, чадор, лежалка за плажа, фактор 30ка, слика од другар матурант во новчаник, флуоресцентен елек и маркер за поцртување што е најважно од скриптата, тостер, извод не постар од 6 месеци, штипки за ногавици, жирант, сунѓер и кофа, дозвола од родител/старател, сертификат за прва помош и заштита, диплома од средно и три научени песни на памет.
Спремен за по леб да одам со точак за да не јадам казна со новиве закони.

Влатко Васиљ

Потресно сведоштво на Миле. „Никогаш не сум сакал диско, под закани од Брена бев присилен да одам.“ – низ солзи раскажува Миле после 32 години од објавување на хит песната „Миле воли диско“.

Влатко Васиљ

- Ало, Ристо, кај си?
– На рекорд.
– Епа ајде чекај ме таму кај што си…кај што зракот почнува, таму сонот запира, кај што срце посака пат да направи за да избега, таму сила земаат топли ветрови таму кај што си…

Влатко Васиљ

За многу девојки Силиконската долина е деколтето.

Филип Черноземски

Влегува „леле не знам што ми се случува, ова вака првпат со тебе“ во бар и сите машки и викаат здраво.

Филип Черноземски

Те прашува: Кога ќе одиме на кафе?
Му ја постираш: Каролина – За година две.mp3

Филип Черноземски

Девојка ми сака да играме професорка и ученик. И купив златен привезок за 8-ми март.

Филип Черноземски

Не верувам дека си била на Skopje Jazz Festival ако картите не ти се на cover или profile picture.

Филип Черноземски

Едно време зборевме често на фејсбук. Потоа почна да добива по 200 лајкови на сликите.

Филип Черноземски

Сакам да го преведам на турски фејсбуков за да може наместо Seen да ми пишува ✓ Ишарет.

Филип Черноземски

Кога ти снемуваат аргументи продолжи со цитати од Библијата.

Филип Черноземски

Тахикардија. Начин на срцето да ти каже: „Ја сакаш бе глуп!“

Филип Черноземски

Не му верувам на таксист што не ја гура колата кога е на такси станица.

Филип Черноземски

Ја викале Пчеличката Маја затоа што имала мед во ушите.

Филип Черноземски

Таман си помислив конечно убав сон, кога тоа уствари стварно сум бил со тебе. Ти ибам среќата.

Филип Черноземски

Знаеш дека си дебела кога си поминала покрај google street view колата и после на google maps се гледаш обележана како облакодер.

Кристијано Крис Манев

Кога црташ веѓи гледај да не биде со тенкоминец.
И ја гледаш со маркер ги нацртала.

Кристијано Крис Манев

Ти земи со себе ќебе, јас ќе сварам чај.

Драган Серафимоски

Стварно некултурно од твоја страна. Што те нема.

Драган Серафимоски

Искористи го дождот, засади утеха.

Драган Серафимоски

Сѐ бргу сфаќаме. Погрешно.

Драган Серафимоски

Во ташната си најдов ладен сендвич… и пар чорапи. Драга ТАА, дали сум Мистер Бин?

Иван Татарчев Дургутовски

Понекогаш се чувствувам ко’ жена. А понекогаш ко’ жена со две деца.

Иван Татарчев Дургутовски

Гледам вести со исклучен глас, зошто знам дека сè е супер.

Иван Татарчев Дургутовски

„Не ти сум веќе во г’зот.“ – Среќата

Иван Татарчев Дургутовски

Кога сум во WC, имам грижа на совест од слатките бебешки погледи на амбалажите за влажни марамчиња. Аман.

Иван Татарчев Дургутовски

Можеби треба да почнеме со тоа што нема да лажеме кога ќе нè прашаат како си.

Инес Ефремова

Не е проблем да сонуваш да имаш семејство.
Проблем е некој да ти кажува што е твојот сон.

Инес Ефремова

Владата сака да се храниме убаво.
П.С. Кој нема пари за храна, ќе биде казнет!

Инес Ефремова

Денот е да се бориш со другите. Ноќта е да се бориш со себе!

Инес Ефремова



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>