Top
tazna

Зошто е добро да заплачете?

Солзите според многумина се знак на слабост, но научниците не се согласуваат со тоа. Имено, плачењето носи и придобивки, а првенствено се природна заштита на телото од хормонот на стрес.

Со плачењето се ослободуваме од лошите емоции, а освен тоа, тие успеваат да одбранат од бактерии или се реакција на некои хемикалии.

ГИ ЧИСТАТ ОЧИТЕ
Солзите делуваат како природен антибиотик и можат да уништат 95% од штетните бактерии во очите, и тоа за само 5 минути.

ГО ПОДОБРУВААТ ВИДОТ
Мембраната на окото може да биде дехидрирана поради што се јавува проблем со видот, а она што го гледаме пред нас ни се чини како замаглено. Солзите обезбедуваат влажност на мембраната и на тој начин го подобруваат видот.

ГИ ЕЛИМИНИРААТ ТОКСИНИТЕ
Според одредени истражувања, солзите во зависност од причината имаат различен хемиски состав. Така на пример, рефлексните солзи (оние кога сецкате кромид) се состојат од 98% вода, додека емоционалните солзи се полни со пролактин.

ДАВААТ УТЕХА
Плачењето е пропратено со засилена активност во одредени делови на нервниот систем чија задача е да го смири телото после состојба на стрес, односно да ја забави работата на срцето.

Истражувањата откриваат дека плачењето го зголемува нивото на окситоцин – хормон на среќа, кој го оневозможува испуштањето на хормонот на стрес – кортизол. Освен тоа, со плачење се ослободуваат и ендорфини, хормони кои се ослободуваат во текот на телесна активност или секс. Токму затоа, откако ќе се исплачете се чувствувате многу подобро.

Жените плачат 4 пати почесто од мажите, но и двата пола плачат подеднакво кога станува збор за сериозни животни ситуации. Мажите почесто плачат поради позитивни случувања, додека жените поради негативни. Стручњаците појаснуваат дека за оваа разлика се виновни хормоните. Тестостеронот ја уништува потребата за плачење, додека женскиот хормон пролактин поттикнува емпатија и солзи.

Постојат 3 типа на солзи:
– Рефлексни солзи кои штитат од иритации и страни тела.
– Емоционални солзи кои се предизвикани од среќа или тага.
– Постојани солзи кои ги влажнат очите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *