Top
pregratka

Прегратката го ублажува стресот

Сигурно и вие некогаш сте сакале да се воздржите од плачење, само за да изгледате јаки и да делувате ладни. Но, ако во тој момент ве прегрне некоја драга личност, тогаш солзите нема да престанат. Без разлика дали плачете од тага или среќа, блискоста на нежни човечки раце се сметаат за голема поддршка. Освен што го подобрува нашето ментално здравје, многу истражувања покажуваат дека прегратката одлично делува на целиот организам.

  • Прегратката го зголемува чувството на сигурност, доверба, сила, среќа и разбирање.

  • Резултатите од многу истражувања покажале дека развојот на интелигенцијата заостанува кај децата кои не ја применуваат доволно. Тие почнуваат подоцна да читаат или одат, во однос на своите врсници.
  • Според американска студија, доколку брачните другари повеќе се гушкаат или галат нивната поврзаност трае подолго отколку кај тие кои не ги применуваат овие ритуали.
  • Кога само за момент го прегрнете вашиот партнер, стресот веднаш ќе исчезне.
  • Психолозите откриваат дека со прегратка и кај жените и мажите се ослободува окситоцин, односно хормон на љубовта и среќата.
  • Една психолошка студја покажува дека на луѓето во просек им се потребни 13 прегратки на ден, но дека поголемиот број од нив и не ги добиваат.
  • Луѓето просечно трошат еден час месечно за прегрнување.
  • Како се зголемува окситоцинот при прегнување и го регулира кортизолот, така значи дека ќе имаме поздраво срце и понизок крвен притисок, а тоа е одлична вест за оние кои страдаат од хипертензија.
  • Прегрнувањето го намалува чувството на осаменост, помага да се победи стравот, ја зголемува самодовербата, ја намалува напнатоста.
  • Во просек една прегратка трае до 9,5 секунди.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *