Top
kopriva

Коприва против опаѓање на коса

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, се користи и коренот, и листовите и семето.

Копривата е богата со калциум, фосфор, железо Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина итн. Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца. Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на црниот дроб, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии.

Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот. Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса. Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење. 4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5l вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие. Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата. Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта и следниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие. Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва. Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25g. коприва, 25g жалфија, 25g чичков корен се прелеваат со 3l вода и се варат додека водата не зоврие. Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата.

Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати. Се подготвува едноставно: 100g корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1l ракија или 70% алкохол 8 дена. Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло. Масирајте го коренот на косата секој втор ден.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *