Top
Devojka-so-vitkana-kosa-iLike-mk

Домашна маска за густа коса

Без разлика дали станува збор за здравје или нега, што и да правите, најпрво посегнете по природни намирници кои најчесто ги имате во својата кујна. Ако имате проблем со густината на косата, односно сакате да ја зголемите, направете си ја оваа домашна маска, која позитивно ќе влијае во постигнување на таа цел.

За подготовка ви се потребни:
– 2 супени лажици рицинусово масло
– 1 жолчка
– 1 супена лажица мед

Состојките измешајте ги во една чинија и смесата најпрво нанесете ја на врвовите, а потоа остатокот нанесете го на целата коса. Ставете капа за туширање и чувајте ја така 2-4 часа. Измијте ја косата со топла вода, шампон и регенератор. Ваква маска може да нанесувате 1-2 пати неделно, во период од 2 месеци.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>