Top
Trema-iLike-mk

4 одлични вежби за тремаџии

Најдобар лек против тремата е добра подготовка за јавен настап, меѓутоа постојат неколку мали трикови со чија помош ќе ја совладате тремата во целост, како и стравот и непријатните чувства. Еве четири одлични и мошне едноставни вежби за опуштање кои ќе ја „убијат“ тремата:

ВЕЖБИ ЗА ОПУШТАЊЕ
Опуштете се во седната положба. Спуштете ја главата, опуштете ги рамениците, затворете ги очите. Рацете и прстите оставете ги слободно да висат покрај телото. Направете неколку бавни кругови со главата. На овој начин ќе ги ослободите внатрешните мускули кои всушност се најзагразени кога сте под стрес или неизвесност. Дишете длабоко и бавно.

ВЕЖБИ ЗА ДИШЕЊЕ
Дишете длабоко и преку нос. Додека вдишувате, бројте до 5, 7 или 9 – колку подолго толку подобро. Издишете бавно и преку уста, обидувајќи се што подолго да го задржите воздухот. Повторете ја оваа вежба три до четири пати.

ВЕЖБИ ЗА АРТИКУЛАЦИЈА
Кажете ја азбуката така што секоја буква ќе биде правилно изговорена со формиран и фокусиран глас. Читајте на глас некаков текст, но водете сметка за движењата на секој орган во усната чуплина, посебно обратете внимание на јазикот и усните. Така ќе ги воочите грешките во артикулацијата, своите слабости и истите ќе можете да ги корегирате.

ВЕЖБИ ЗА ЗВУЧНОСТ
Направете го вашиот глас звучен и пријатен за ушите на другите. Изговарајте ги самогласките и потрудете се да ги изговарате подолго време задржувајќи се на нив. Кажувајте на глас некој текст и бидете уверени дека вашиот глас е моќен и продорен. Снимајте се додека зборувате и потоа со голема самокритичност преслушајте го материјалот.




1 Коментар

  • Павле Зимбаков вели:

    Една од најфункционалните техники за сузбивање на тремата при почеток на презентација од било кој формат (јавен настап, тренинг сесија, семинарска сесија, состанок презентација) каква и да е, е д си обезбедите чаша за вода и шишенце со вода. Започнете со говорење т.е. поздравување (кажете го поздравниот дел, ДОБАР ДЕН, ПОЧИТУВАНИ ____________, ВИ БЛАГОДАРАМ ШТО ОДЛУЧИВТЕ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА ОВА СЕСИЈА.) ова е поздрав кој треба на памет да го знаете и за кој не ви е потребно да УКЛУЧИТЕ мозок (време за опуштање). Откако ќе завршите со поздравот, пред да почнете да се претставувате (што би требало да е исто така нешто што на памет го кажувате и секако никој не ве прекинува во истото) слободно застанете, птекинете со говорење, отворете го шишето, сипете си вода и напијте се неколку голтки. Додека го отварате шишете и сипувате вода во чаша имате доволно време од 15 до 20 секунди во кое можете слободно да направите вежба со длабоко вдишување и издишување која секако ќе ви помогне.
    Овде меѓу другото помага и психолошкиот момент дека веќе сте ја започнале презентацијата и нема назад, мора да се заврши.
    Еве го редоследот сосема на кратко.
    1. Бидете подготвени за презентација со знаење и познавање на материјата.
    2. Имајте подготвено чаша за вода и шишенце со вода пред да започнете. (водата да не биде газирана бидејќи може да ви одврати додека говорите)
    3. Знајте го поздравниот говор на памет и поздравете ги присутните.
    4. Отворете го полека шишето, полека ставете вода во чашата, полека затворете го шишете и вратете го на место, полека напијте се вода.
    5. Во периодот од кога ќе посегнете по шишето дадека да се напиете вода, дишете длабоко и издишувајте длабоко преку уста.
    6. Продолжете со говорење. Претставете се кој сте! (дел кој го знаете на памет)
    7. Почнете со стручниот дел од презентацијата!

Напиши одговор на Павле Зимбаков Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>