Top
menstrualni-bolki

Како да ги намалите менструалните болки?

Повеќе од 95% од жените имаат силни менструални болки. Истите се манифестираат не само со болки во стомакот и грбот, туку и со главоболка, мачнина, повраќање и диареја. Ако и вие ги имате овие проблеми, дознајте како можете значително да ги намалите истите. Иако хормоните се главни причинителни на овие болки, тие се појавуваат и поради недостаток на витамини и минерали, премногу солена храна, алкохол и кофеин.

Најчести симптоми на ПМС се:
– нагли промени во расположението
– лоша концентрација
– замор
– зголемен апетит
– лоша координација
– проблеми со спиењето
– главоболка
– болки и грчеви
– подуеност
– болки во дојките

Доколку се препознавте во поголем број од овие симптоми, направете ги животните промени кои следуваат во продолжение и решете го овој проблем.

  • Вежби
    Иако во „оние денови во месецот“ не ви е до ништо, сепак лесна физичка активност може значително да ги намали менструалните тегоби. Освен тоа, вежбањето ќе го поправи вашето расположение, ќе ја подобри циркулацијата и ќе ја намали подуеноста.
  • Исхрана
    За време на менструалниот циклус јадете колку е можно повеќе овошје и зеленчук, а избегнувајте солена и блага храна, премногу кофеин и алкохол.
  • Сон
    Многу жени во текот на циклусот или пред него не можат да заспијат или често се будат. Токму затоа, спијте 7-8 часа во текот на ноќта.
  • Стрес
    Жените кои се под стрес околу 2 недели пред циклусот имаат три пати поголеми шанси дека ќе имаат болна менструација со силни симптоми како раздразливост, тага и депресија, односно психички симптоми. Во тој период избегнувајте расправии и наместо тоа шетајте и бидете физички активни.
  • Пушење
    Пушењето ги зголемува менструалните болки. Токму затоа, намалете го бројот на цигари на минимум.



Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *