Top
sestri

Нешта кои ги разбираат само сестрите

Сестрата е благослов и ветување од Бога дека засекогаш ќе имате најдобра пријателка и сродна душа. Таа ќе биде покрај вас и во добро и лошо.

  • Имате многу заеднички интерни шеги и никој друг не може да ве насмее така како како што може таа.

  • Секогаш ќе ви ги даде најдобрите комплименти, но и најискрените коментари.

  • Се досадувате за време на семејните ручеци и подоцна ќе може да се жалите заедно.

  • Можете да се пошегувате со неа и знаете дека ќе ви прости.

  • Пораснавте слушајќи иста музика и ден денес знаете да ги запеете песните кои некогаш заедно ги пеевте пред огледалото.

  • Дури и да ве навреди, тоа нема да ве повреди. Знаете дека не го мисли тоа што го кажува.

  • Секогаш знае што следно ќе кажете, исто како да може да ви ги чита мислите.

  • Кога се жалите за некој проблем, ќе ве ислуша и до најситните детали. Бидејќи навистина се грижи и сака да помогне.

  • Секогаш ќе биде на ваша страна, дури и кога не сте во право.

  • Нејзината облека е и ваша облека, и обратно.

  • За викенд можете да останете дома, да јадете пица и гледате филмови.

  • Секогаш знае кога лажете. Многу добро го познава изгледот на вина на вашето лице.

  • Пресреќни сте кога нешто убаво ќе и се случи на едната од вас

  • Со сестра никогаш не може да ви е досадно. Секогаш ќе најдете начин да се забавувате.

  • Се шегувате какви ќе бидете кога ќе остарите.

  • Секогаш е тука за вас кога имате лош ден.

  • Има денови кога не можете да престанете да ја гушкате.

  • Таа ги знае вашите најдлабоки, најтемни тајни, оние кои никој друг не ги знае.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>