Top
bremenost

Најчести митови за бременоста

Бременоста е навистина посебно искуство, а постојат заблуди кои и тоа како влијаат врз трудниците. Една од нив е дека треба се избегнува вежбање и секс во текот на бременоста.

  • Бременоста трае 9 месеци
    Просечната бременост, од моментот на овулација до породувањето трае 38 недели и 2 дена, a не вообичаени 40 недели или 9 месеци. Терминот за породување може да варира и до 5 недели, а тоа според стручњаците од американскиот Институт за здравје не треба да се сфаќа сериозно. Породувањето зависи од возраста на трудницата, нејзината телесна тежина и генетиката.
  • Сексот во текот на бременоста му наштетува на бебето
    Иако кај речиси сите идни мајки постои страв, сексот за време на бременоста не е опасен за нероденото бебе. Од сексуални односи треба да се воздржуваат само оние кои имаат зголемен ризик за предвремено породување или оние кај кои се појавиле одредени компликации.
  • После царски рез не е возможно природно породување
    Породување по природен пат после царски рез е возможен од 60-80%. Ризикот за повторување царски рез е поголем кај повозрасните трудници и кај оние трудници чиј плод има надпросечна големина.
  • Полот на бебето може да се утврди според големината на стомакот
    Големината на стомакот, т.н. високо или ниско носење на плодот не укажуваат на неговиот пол. На полот на детето освен исхраната, влијае и стресот. Па така, според стручњаците, во време на природни катастрофи се раѓаат повеќе девојчиња отколку момчиња.
  • Полово преносливи инфекции се пренесуваат на нероденото дете
    Во поголем број случаи полово преноливите инфекции не се пренесуваат на нероденото дете, но може да го зголемат ризикот од прерано пораѓање и мртвородени деца. Особено опасни се кламидија и гонореја, бидејќи тие директно влијаат врз плодот во процесот на раѓање, па токму тогаш се препорачува царски рез. Поголема опасност претставува сифилис.
  • Во текот на бременоста треба да заборавите на вежбање
    Вежбањето во текот на бременоста е пожелно сè додека трудницата ги следи советите на својот доктор. Не треба да претерувате со вежби, но истегнување, пливање и прошетка се одлични за една трудница.
  • Во текот на бременоста трудницата треба јаде за двајца
    Еден од најчестите митови е токму овој мит – дека жената треба да јаде за двајца. На трудниците доволни им се само 300 дополнителни калории, од препорачаните 2000 калории дневно. Тоа е доволно детето добро да напредува, а прекумерната тежина може само да му наштети.
  • Одредена храна и секс може да предизвикаат породилни болки
    Иако се верува дека одредени зачини, но и секс може да предизвикаат породилни болки, сепак тоа се случува многу ретко. Постои можност оргазмот да предизвика стегање на грлото на матката, а со тоа и породилни болки, струњаците се согласуваат дека тука нема правила.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>