Top
Job Applicant Having An Interview

Детали кои гарантираат успех на интервју за работа

Многу луѓе бараат работа и ако не сте од оние кои можат да се потпрат на пријатели или врски, тогаш треба да знаете дека ве очекуваат посебни барања и процедури. Бидејќи сигурно нема да добиете втора шанса, за вашиот прв впечаток прочитајте ги овие коирисни совети на светски бизнис стручњаци, а кои се однесуваат на деталите за кои мора да водите сметка за време на интервјуто.

Бидете фокусирани
На оние кои го спроведуваат интервјуто за работа треба да им покажете дека сте фокусирани, на тој начин што ќе истражите за клучните податоци за компанијата во која сакате да се вработите. Дури и најмалото незнаење за нивната дејност е неприфатлово во светот на модерната технологија. На разговорот треба да бидете јасно фокусирани за областа во која сакате да работите, како и да покажете страст и заинтересираност за позицијата за која аплицирате.

Бидете стабилни и сигурни
Работодавачте ценат личности кои се ментално, емоционално и физички стабилни. На секое интервју постојат многу кандидати кои се квалификувани за работното место, но нивниот очај и несигурност секогаш избиваат на прво место. Исклучително лош пример се и оние кандидати кои многу ја мразат својата претходна работа или поранешниот шеф, така да имаат потреба само за тоа да зборуваат. Ниту еден работодавец не сака да слушне како лошо зборувате за претходното работно место и поранешниот шеф, бидејќи и самиот тој може да се најде во таа позиција. Затоа устата нека не ви биде побрза од паметот.

Бидете профитабилни
Профитабилноста значи опстанок и раст. Вашата способност да предложите начини на кои компанијата би можела да оствари дополнителен профит е нешто што сигурно ќе ве издвои од останатите. За да го направите тоа, прво треба да разберете на кој начин компанијата заработува пари и како вашата улога би можела добро да се искористи во компанијата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>