Top
drzenje-za-raka

Ситници кои мажот не смее да престане да ги прави во бракот

Денес луѓето во голема мера се восхитуваат на постари брачни парови кои случајно ги сретнуваат на улица, а кои блискоста си ја негуваат со држење за рака. Токму допирот на дланките е првото нешто што мажите почнуваат да го игнорираат кога се во брак, а за кое жените сонуваат. Ситниците кои ниеден маж не смее да престане да ги прави во бракот се банални, но жените ги сакаат.

Држење за рака
Иако звучи банално, држењето за рака е многу важно бидејќи посочува на заедништво и припаѓање еден на друг. Истражување спроведено во Шведска опфатило 16 среќно мажени жени кои биле изложени на стресни ситуации. Испитувана била нивната мозочна активност кога биле изложени на благи електрошокови. Реакцијата на стрес е 45% помала на оние жени кои во тој момент го држеле сопругот за рака. Допирот ги зближува партнерите, го поттикнува хормонот на среќа и го зајакнува меѓусебното чувство на љубов.

Чекорење еден до друг
Со текот на годините мажите го губат заштитничкото чувство кон жените. Кога излегуваат во јавност, едноставно забораваат на својата сопруга и наместо да чекорат до неа, тие се неколку чекори пред неа. Според стручњаците ова е најлошата навика која ја имаат мажите во бракот. Не мора да бидете прегрнати, но барем чекорете блиску до неа.

Отворање врата
Едно од правилата на секој бонтон е дека машкото треба да ѝ отвори врата на дамата. Секоја жена признава дека колку и да е самостојна, тоа е еден од најубавите гестови кои покажуваат почит.

Заеднички патувања
Почетокот на секоја врска е исполнет и со заеднички спомени од патувања, но со годините поминати во брак веќе поретко се создаваат вакви спомени. Одењето во пар, макар и на еднодневен излет во близина на домот ќе го разбуди чувството на заљубеност и ќе ги зближи сопружниците.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>