Top
Prsten-iLike-mk

Знаци кои откриваат дека бракот ви е осуден на пропаст

Во секој брак е сосема нормално да постои криза, но постојат нешта кои упатуваат на тоа дека е осуден на пропаст и му нема спас.

И двајцата сакате предбрачен договор
Ако повеќе време сте потрошиле на детали околу предбрачниот договор отколку за подготовките за брачното патување, тоа не е добар знак за иднината на вашиот брак.

Различен поглед на финансиите
Ако се случи уште на медениот месец да се скарате за пари, веројатно нема да бидете заедно засекогаш. Несогласувањата околу финансиите на почетокот на бракот носат подоцнежно незадоволство во бракот. Парите се најверен показател за можноста за развод, исто како и платите на сопружниците и финансиската сигурност.

Пребрзо стапување во брак
Истражувањата покажуваат дека стапката на разводи е обратнопропорционална со времето поминато во врска пред бракот. Паровите кои биле во врска најмалку три години, имаат 39% помали шанси да се разведат од паровите кои биле во врска помалку од една година.

Скапа венчавка
Според многу истражувања паровите кои имале поскапи венчавки почесто завршуваат со развод. Жените чии венчавки чинеле најмалку 20.000 долари имале 35% поголеми шанси да се разведат отколку жените чии венчавки чинеле 5.000 до 10.000 долари.

Развод во вашиот круг на пријатели или семејството
Научниците тврдат дека оние кои се разведуваат влијаат на роднините, пријателите, но и пријателите на пријателите.

Голема разлика во годините
Паровите меѓу кои има голема разлика во годините имаат и поголема шанса да се разведат. Сопружниците помеѓу кои разликата е десет години, имаат 39% поголеми шанси да се разведат отколку оние кои се врсници или со мала разлика.

Сте биле премлади кога сте се венчале
Паровите кои се венчале во раните дваесетти или порано, имаат поголеми шанси да се разведат од оние кои стапиле во брак подоцна, односно во позрели години.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>