Top
seksualna-anoreksija-iLike-mk

Што е сексуална анорексија?

Веројатно, сексуалната анорексија е тема која ќе заинтригира многу луѓе. Сексуалната анорексија до скоро време беше табу тема за која не се зборуваше јавно, иако станува збор за сериозен проблем кој бара посебен медицински третман.
За овој проблем постои соодветна медицинска дијагноза – сексуална аверзија. Стручните лица овој тип на пореметување го опишуваат вака: станува збор за личност која има претерано негативни ставови по однос на сексуалниот живот. Сексуалната анорексија е опсесивна состојба во која мислите и ставовите за сексот се крајно неподносливи.

Терапевтот Д-р Пол Хокемејер вели:

Некои луѓе се многу срамежливи кога станува збор за секс, но сексуалната анорексија не се сведува на срам, туку е вистински проблем. Сексот е еден од начините со кои комуницираме со другите луѓе т.е. со партнерот или партнерката. Кога сексуалниот сегмент е ограничен или целосно исклучен, нашиот психолошки живот трпи и пати. Еротскиот живот треба да го храните за тој да опстојува. Сексуалната анорексија е само еден од начините со кој луѓето се обидуваат да ја излечат својата емоционална болка. Состојбата се поврзува со начинот на кој се обидувате да управувате со своето тело, живот и емоции.

Сексуалната анорексија е „одбранбен механизам“ која ако трае краток рок не е опасна, но доколку трае подолго прераснува во сериозен проблем.
Стручњаците велат дека не постои конкретен лек за овој проблем, но има надеж за лекување. Лицата кои се соочуваат со овој проблем треба да пристапат со класичен третман на откривање и решавање на основниот проблем. Во зависност од степенот на сексуалната анорексија, може да биде доволна посета на невропсихијатар или терапевт за брачно советување, а понекогаш и користење на антидепресиви.

4 основни симптоми на сексуална анорексија:
– Личноста никогаш не иницира сексуален чин и избегнува да зборува на таа тема,
– Страв од било какви прашања кои се однесуваат на сексот,
– Чувство на вина поради сексот,
– Склоност кон самоповредување.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>