Top
buket-cveke

Што значат најчестите машки реченици?

Женскиот и машкиот мозок не функционираат на иста фрекфенција, па често меѓу себе воопшто не се разбираат. Поради полесно разбирање меѓу половите треба да знаете што всушност значат речениците кои мажите најчесто ги изговараат.

  • „Тоа е машка работа!“ во превод значи „Не постои рационално објаснување за тоа и нема да пронајдеш никаква логика.“
  • „Потребно ми е многу време за да ти објаснам!“ значи „Немам поим како функционира тоа.“
  • Кога ќе го прекине вашето извршување на домашни работи велејќи ви „Одмори се малку мила, премногу работиш!, всушност ви вели “Не слушам ништо од натпреварот поради твојата правосмукалка, мораш ли баш сега тоа да го правиш.“
  • Кога ќе рече „Те слушнав!“, всушност сака да каже „Немам поим за што зборуваш, но се надевам дека нема да забележиш, бидејќи потоа 3 дена ќе ми го префрлаш тоа.“
  • Ако ви каже „Навистина интересно драга!“, ви вели „Боже, не можам да поверувам дека сеуште зборуваш.“
  • Кога ќе се пожали „Знаеш дека имам слабо памтење!“ значи „Се сеќавам на мојата згодна соученичка во средно училиште, на адресата на првата девојка во која бев заљубен, на првиот секс и првото пијанство, на регистарските таблички на автомобилите кои сум ги имал, но не ја паметам нашата годишнина.“
  • Ако ви донесе букет свеќе со зборовите „Љубов моја, денес цел ден мислев на тебе и сакав да ти подарам рози!“, всушност мисли „Онаа млада цвеќарка е толку секси што морав да купам нешто од неа.“
  • Кога вели „Не можам да го најдам тоа!“, всушност значи „Не ми е на дофат на рака, па не знам каде воопшто да барам. Но, затоа драга ти знаеш што каде стои во нашата куќа.“
  • Во текот на возењето, кога ќе каже „Не грижи се мила, не залутавме, знам точно каде се наоѓаме во моментов!“, тоа во превод значи „Поим немам каде се наоѓаме и како да го најдам вистинскиот пат.“




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>