Top
zena

Битки кои секогаш ги добиваат дамите

Во секоја врска или брак паровите барем еднаш не се скарале. Ова се случува бидејќи не сме сите исти, имаме различни размислувања и поинаку го перципираме тонот на гласот кога мислиме дека нашиот партнер е лут или нервозен. Тогаш настануваат помали или поголеми расправии кои се сосема нормални и после кои брзо се смируваме. Има и такви во кои секогаш мажите извлекуваат „подебел крај“.

Фотографии со поранешната девојка
Кога ова ќе се случи, единствено што на мажот му преостанува е да молчи, да се извини, да ги фрли сликите или да ги избрише. Нема никакво оправдување, бидејќи се што ќе каже ­ќе биде искористено против него.

Килограми
Сите дами се чувствителни на килограмите и дебелењето и не е ни малку пријатно кога било кој, а најмалку вашиот љубен ќе ви каже дека сте се здебелиле. А ако го прашате дали сте ­подобро е тоа да ви го каже на подобар начин или да премолчи. Или да ви каже, но вие да останете смирени и да се фрлите на работа ­доколку тоа ви смета.

Гледање по други
Оправдување и бранење нема поента, бидејќи ние ништо нема да слушнеме. Секој кажан збор е неважен, а ние тоа сигурно ќе им го паметиме.

Гледање филмови
Веројатно некогаш сте биле во тој период кога се живо ви се гледа со него. Иако вие сте ги гледале сите негови „машки“ акциони филмови, тој никако да седне со вас и да гледа некоја романтична комедија или вистински романтичен филм. Кога го прашувате зошто е тоа така, може само да ве гледа и на крај да ја прифати вашата покана.

Мобилен телефон
Понекогаш љубопитноста е многу поголема отколку што можете да ја исконтролирате и сте го земале неговиот телефон. Сте виделе сешто, а пола од тоа се некои работи кои воопшто не ви се допаѓаат. Секако дека тоа сте му го префрлиле, но тој пак молчи. Едноставно може да избрише сè што не ви се допаѓа и да ви се извини.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>