Top
vencavka

Најчести изговори поради кои мажите не сакаат брак

Во денешно време воопшто не е лесно да го запознаете оној вистинскиот, особено кога голем број од мажите станаа неодлучни. Според статистиките на една американска агенција за посредување при запознавање партнери. Следниве изговори се најчести кога станува збор за мажите кои избегнуваат брак.

„МНОГУ САКА ДА НАРЕДУВА“
Многу често и многу од жените сакаат да бидат доминантни. Поради таа карактеристика успешно сте склучиле некој договор на работа или сте добиле покачување. Секој маж посакува доминантна жена која е полна со самодоверба, но само во спалната соба. Кога таа ги покажува овие карактеристики за други полиња во животот, мажот го фаќа паника. И врската и бракот подразбираат рамноправност на двата партнера во сите сфери на животот.

„ТАА САКА ДА МЕ ПРОМЕНИ“
Жените се способни да сакаат безусловно. Ако ви кажат дека сакаат да ги фрлите патиките од средношколските денови или дека поминување на времето пред видео игрите е залудно потрошено време, не значи дека сакаат да ве променат.

„ПРЕМНОГУ Е ПОСЕСИВНА“
Постојат жени кои навистина претеруваат со довербата во својот партнер, но не се сите жени исти. На пример, кога на телефон ќе ве праша каде сте, ја интересира само местото каде се наоѓате. Тоа не значи дека се сомнева дека сте на некое сомнително место во сомнително друштво, туку сака да знае кога ќе се вратите дома и дали може да планира заедно да го поминете попладнето.

„ПРЕМНОГУ Е НЕСИГУРНА“
Уште од детството ни се „сервираат“ фотографии со совршени женски тела. Сите жени се несигурни кога станува збор за нивните тела и нивната интелигенција.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>