Top
Fakti-za-baknezhot-iLike-mk

Нешта за бакнувањето кои не сте ги знаеле

Во продолжение пет нешта за бакнувањето кои веројатно не сте ги знаеле.

Бакнувањето има своја наука
Научната дисциплина која ги проучува начините на бакнување и ефектите што ги има врз човекот се вика филематологија.

Две третини од луѓето кои се бакнуваат ја навалуваат главата на десно
Неверојатно, но вистинито, оваа навика ја стекнуваме уште пред раѓањето, затоа што и бебето во стомакот на мајката секогаш ја навалува главата во десно.

Бакнувањето има свој празник
Светскиот ден на бакнувањето се слави на 5 февруари секоја година.

Рекорден бакнеж
Најдолгиот бакнеж во светот според Гинисовата книга на рекорди траел 58 часа, 35 минути и 58 секунди.

Со бакнување се слабее
Разменувањето француски бакнежи вклучува 43 мускули на лицето, а брз бакнеж со затворена уста само два муслкули. Од истата причина додека се бакнувате на француски начин губите по пет калории на секои неколку секунди.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *