Top
Momche-devojka-dejt-iLike-mk

6 типови на мажи кои ќе ви помогнат да ја најдете вистинската љубов на својот живот

Секоја жена треба да запознае неколку типови на мажи пред да профилира идеален животен сопатник – човек чии карактеристики и однесување ќе ја импресионираат жената.

Веруваме дека откако ќе ги запознаете следниве типови на мажи ќе ви биде полесно да се одлучите кој е вистинскиот:

1. Уметничка душа, фантазер кој преферира да биде во некој свој свет
Поетска душа кој на уво ќе ви рецитира љубовни стихови додека ве гледа со вљубен поглед. Чувствителен лик со кој не смеете да бидете премногу груби. Овој тип на маж може да остане вечен сонувач, идеалист што во некои потешки животни предизвици кога мора да бидете со двете нозе цврсто на земја, и тоа како може да ве нервира.

2. Забавувач, крал на забавата, кој сака да биде во центар на внимание
Неговиот дух и ентузијазам се заразни. Неговата енергија ја исполнува просторијата и сите мора да го забележат. Вашите пријатели го обожуваат и со него нема здодевнии моменти. Ова е тип на маж кој тешко ќе го убедите дека мирна ноќ дома е исто така добра опција за заедничко дружење.

3. Зависник од адреналин со кој ќе пробате нешта кои никогаш не сте ги ни помислиле
Овој маж ќе ве убеди да пробате нешта кои никогаш не сте се осудиле да ги пробате, да искусите екстремен спорт кој сте го гледале само на телевизија. Еуфоричен, лојален на здравиот живот, зависник од адреналин. Позитивен, но сепак можеби премногу динамичен.

4. Помлад маж кој вие ќе го импресионирате
Ќе биде импресиониран и ќе ви симнува ѕвезди од небото. Ќе ви открие некои нови фори кои само младата генерација ги знае. Флексибилни се, неоптоварени со деловен успех, водат активен друштвен живот, но со него поради неговото неискуство ќе имате помалку теми за разговор.

5. Постар маж кој ќе ве чува како капка вода на дланка
Внимателен, грижлив маж кој ќе направи сè да се чувствувате како принцеза. Без проблем, како вистински џентлмен ќе ви го измасира грбот, ќе ве однесе на вечера или уште подобро ќе ја подготви во својот стан. Но, со него мора да бидете подготвени на компромиси бидејќи постарите мажи обично имаат веќе навикнат ритам, навики и стил на живот од кој тешко се откажуваат или го прилагодуваат кон другите.

6. Заводник кој ќе ве третира како кралица, но само додека не го изгуби интересот
Шармантен, импулсивен, полн со комплименти. Играч кој ќе ви ја разбуди страста, но кој ретко се врзува. Покрај него, додека сте заедно ќе се чувствувате како најпосебна жена на светот, но неговата страст и интерес брзо можат да бидат насочени кон друга жена.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>