Top

Дали постојат живи суштества со сина крв?

Нашата крв, која секогаш ја гледаме во црвена боја, всушност претставува комбинација на три бои. Главните три елементи кои ја сочинуваат крвта се: плазма (54,3%, светло жолта боја), црвни крвни зрнца (45%) и бели крвни зрнца (0,7%). Но, крвта која е мешавина од овие три елементи се гледа во црвена боја. Но, во одредени делови на телото, нашата крв е сина. Крвта циркулира во сите делови на телото за ги снабди со кислородот кој доаѓа од белите дробови. Кoга кислородот е доставен до сите делови на телото, црвената крв се претвора во сина. Сепак, ако се повредиме на место каде што крвта е сина, не можеме да ја видиме, бидејќи таа кога доаѓа во допир со кислородот од воздухот, веднаш се враќа во црвена боја.
Верувале или не, постојат животни кои имаат сина крв. Луѓето ( и цицачите воопшто) имаат црвена крв поради присуството на железо. Тајниот елемент кој ја прави крвта сина е бакарот, а животните кои имаат сина крв се нарекуваат теутиди. Октопод, сипа, медуза, наутилус (вид мал октопод), се морски животни кои имаат сина крв. Нивната крв содржи бакар, хемоцијанин кој транспортира кислород. За разлика од хемоглобинот кој содржи железо, хемоцијанинот e кислородна молекула која содржи бакар во својот центар. Хемоцијанинот се раствора во крвната плазма наместо во црвените крвни клетки и затоа и дава на крвта сина боја.
Интересно е да се спомене дека некои инсекти кои спаѓаат во фамилијата глисти имаат темно розова или виолетова боја на крв, додека пајаците, комарците и пеперутките имаат безбојна крв. Ако „утепате“ некој од овие инсекти и имаат црвена, жолта или зеленкаста течност, тоа е поради храната која ја јаделе.


Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>