Top

Добро утро (10-ти октомври)

10-ти октомври е 283-иот ден во годината според григоријанскиот календар (284-и во престапна година). Остануваат 82 денови до крајот на годината.

Настани:
1582 – Поради воведувањето на Грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија.
1631 – Саконската армија ја презема Прага.
1889 – Формиран е Бернард Колеџот.
1944 – Во селото Жегљане, кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци.
1946 – Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.
1967 – Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
1991 – Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.
1993 – Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.

Родени:
1813 – Џузепе Верди, италијански композитор (п. 1901).
1892 – Иво Андриќ, српски писател.
1904 – Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје.
1923 – Николас Парсонс, англиски актер.
1946 – Наото Кан, јапонски политичар.
1966 – Тони Адамс, англиски фудбалер.

Починале:
426 – Атик Константинополски, Патријарх на Константинопол.
1359 – Хуго IV, крал на Кипар.
1674 – Томас Трахерн, англиски поет.
1837 – Шарл Фуриер, француски философ.
1930 – Адолф Енглер, германски ботанист.
1983 – Ралф Ричардсон, англиски актер.
2004 – Кристофер Рив, американски актер.


Извор: wikipedia

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>