Top
Osemena-devojka-iLike-mk

Осаменоста му штети на здравјето

Оние луѓе кои немаат пријатели се вообичаено се незадоволни од односите со брачниот партнер, а тоа резултира со пад на имунитетот и слабеење на општата состојба на организмот.

Како што велат научниците, пријателите ни го продолжуваат животот. Осамените мажи страдаат од симптом на акумулиран стрес како на пример преголема чувствителност и нервоза, а освен тоа расте и крвниот притисок и нивото на шеќерот во крвта. Осамените жени, почесто страдаат од срцеви болести и умираат порано од жените кои имаат поширок круг на пријатели.

Почнувајќи од 25-тата година, секои десет години функциите на мозокот паѓаат за 7%. Поради намалениот доток на крв и поврзаноста на невроните, потребно е и многу важно постојано да се учат нови работи бидејќи со секое ново сознание се создаваат нови врски во мозокот.

Ако размислите подобро, сето тоа може да се спречи со редовно дружење со пријателите. Вашиот мозок и здравјето, ќе ви бидат благодарни ако почесто се дружите со своите пријатели.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>