Top
Vo-koe-godisno-vreme-ste-rodeni-iLike-mk

Што говори за вас годишното време во кое сте родени?

Резултатите од истражување спроведено на примерок од 400 луѓе покажува дека оние кои се родени во исто годишно време, имаат заеднички карактеристики во однесувањето, темпераментот и чувствата.

ЛЕТО
Луѓето родени во текот на летото ги карактеризира честа промена во однесувањето, од тажно до екстремно среќно. Со други зборови, будењето на природата предизвикува воодушевување кај овие луѓе, додека лошите временски прилики придонесуваат за нивно лошо расположение.

ПРОЛЕТ
Оние кои се родени во пролет се исклучително позитивни личности, но и по малку наивни. Секоја личност која ја запознаваат сметаат дека е нивен најдобар пријател или иден сопруг. Веруваат во вечна љубов, лојалност и фактот дека сѐ ќе биде добро.

ЗИМА
Родените во студените месеци потешко се вознемируваат за разлика од оние кои се родени во месеците од другите годишни времиња. Овие луѓе не ги нервира гужвата во сообраќајот или кога ќе се најдат во друштво на пријатели кои имаат гласни деца.

ЕСЕН
Личностите родени во есен се емотивно многу флексибилни, лесно се прилагодуваат на одредени ситуации. На пример, тажни се после прекин на романтична врска, но исто така брзо ќе ја преболат саканата личност и ќе се посветат на потрагата на нов партнер.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>