Top
martinka

Мартинка – знак за доаѓање на пролетта

Велат дека подарена мартинка е знак за топло пријателство и среќа. Постојат различни обичаи кога станува збор за традиционалното подарување на мартинка.

Сигурно кога сте биле помали сте носеле мартинка. Најчесто мартинка плетат бабите и им ја врзуваат на своите внуци, а се носат за здравје, среќа, плодност и долг живот. Таа се прави со испреплетување на бел и црвен конец. Црвената боја ја симболизира крвта и љубовта, а белата асоцира на чистота и искреност. Мартинката се подарува на првиот ден од месец март, во чест на Баба Марта. Истата се носи на левата рака или закачена на облеката сè додека расцвета првото дрво (според некои верувања додека не ја видите првата ластовичка или првиот штрк). Потоа се закачува на него со желби за здравје за себе и за добро здравје на своите најблиски.

За жал традицијата полека се губи, па многумина не го знаат овој интересен обичај.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>