Top
Osnovni-ljubovni-pravila-iLike-mk

Љубовни правила за идеална врска според вашиот хороскопски знак

Честопати се прашувате дали вашиот љубовен партнер е среќен, дали е задоволен од вас и дали можеби треба нешто да промените кај себе?!

Астролозите имаат одговори на овие прашања!

Еве кои се трите основни љубовни идеали на секој хороскопски знак:

ОВЕН
1. Покажете восхитеност и ентузијазам за нивните интереси и идеи
2. Дозволете им да мислат дека сè што направиле било нивна идеја.
3. Менувајте ја својата рутина колку е можно почесто за работите да изгледаат нови и интересни.

БИК
1. Размазете ги со масажи и физичко внимание.
2. Направете да се чувствуваат сигурно и удобно во ваше друштво.
3. Дозволете им да си ја одржат независноста во врската. Не ги терајте да се чувствуваат лимитирано.

БЛИЗНАЦИ
1. Секогаш одржувајте ја комуникацијата.
2. Пронајдете начин работите да ги одржите весели и разиграни, дури и во тешките периоди.
3. Сакајте ги нивните пријатели и поддржувајте го нивниот активен социјален живот.

РАК
1. Поминувајте повеќе квалитетно време со нив, тие би требало да ви бидат најважни.
2. Усовршувајте ја уметноста на мазење.
3. Дајте сè од себе за да ги разберете и прифатите нивните промени на расположението.

ЛАВ
1. Секојдневно преплавувајте ги со љубов, внимание и комплименти.
2. Поддржете ги нивните страсти и креативни идеи.
3. Дозволете им да водат на секое можно поле.

ДЕВИЦА
1. Бидете искрени и отворени со нив.
2. Одржувајте ја куќата секогаш чиста.
3. Помогнете им да се отворат и да ви раскажат зошто се лути, загрижени или нервозни.

ВАГА
1. Размазете ги и дозволете им да ве размазат.
2. Бидете дарежливи со комплиментите и пофалбите.
3. Не започнувајте големи расправии – научете како да ги одржите мирот и хармонијата.

СКОРПИЈА
1. Бидете емотивно и физички интимни.
2. Обврзете се и уверете ги колку длабоко сте им посветени.
3. Бидете страствени за сè во животот, посебно во вашата врска.

СТРЕЛЕЦ
1. Почесто водете интелектуални разговори и внимателно слушајте ги нивните идеи.
2. Дајте им слобода да водат живот каков што сакаат.
3. Поддржете го нивниот авантуристички дух и придружете им се во авантурите кога ќе можете.

ЈАРЕЦ
1. Пронајдете начин секогаш да ја искажувате посветеноста кон нив и вашата врска.
2. Соочете се со реалноста – не сонувајте.
3. Засмејте ги и фасцинирајте ги со вашата интелигенција.

ВОДОЛИЈА
1. Не плашете се од нивниот богат живот и не бидете љубоморни. Обидете се да се вклопите во него.
2. Дајте им слобода да прават што ќе посакаат.
3. Бидете свесни за системот на вредности кои ги имате и секогаш делувајте во согласност со нив.

РИБИ
1. Одржувајте ја атмосферата романтична и сензуална.
2. Поддржете ги кога се чувствуваат несигурно.
3. Ценете ги нивните ставови и не ги предомислувајте во тоа што ќе го одлучат со помош на интуицијата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>