Top
Vistinska-ljubov-nasproti-neverstvo-iLike-mk

Астролозите ви откриваат кои зодијачки знаци љубат од срце, а пак кои се склони кон неверство

Астролозите тврдат дека поставеноста на планетите има значајно влијание врз зодијачките знаци кога станува збор за вистинската љубов и верноста, односно изневерувањето и промискуитетноста.

Еве што посочуваат тие:

ОВЕН
Овенот сака груб секс. Тој сака да го почуствува партнерот. Тоа што никако не сакаат е да чекаат. Не го завлекувајте Овенот – ако ви се допаѓа, слободно поминете на дело, и тој нема да ви замери. Припадниците на овој знак се секогаш спремни за експертиментирање, но пуштете ги тие да ја водат играта. Генерално се верни, освен ако личноста со која се во врска, не е во состојба да одговори на нивната сексуална енергија. Во спротивно – не влегувајте во било какви односи со нив, бидејќи Овенот не може да биде во врска со оние кои не можат доследно да го пратат.

БИК
Биковите се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобра предигра за нив е чаша вино, топло чоколадо, добро и вкусно јадење. Важно им е сѐ да оди полека, без брзање. Биковите сакаат и добро избрана долна облека, жените носат подвезици, а во кревет доаѓаат нашминкани. Биковите се големи хедонисти, но сепак се верни, освен ако не им стане досадно со партнерите. Тогаш им нема помош. Биковите не се промискуитетни, а квалитетот го ставаат пред квантитетот.

БЛИЗНАЦИ
Близнаците летаат во сѐ, па и во сексот. Добриот разговор за нив е вистински афродизијак. Ако не успеете да ги заведете со зборови, не се обидувајте со други методи. Тие сакаат еротски приказни, но и униформи, престорување во нешто друго. Не ги менуваат партнерите така лесно, но, ако не најдат сродна душа, тие не запираат во потрагата по вистинскиот. Не брзаат, но, сепак не се одликуваат со посебна стабилност и доверба.

РАК
Овие личности најлесно ќе ги заведете на нивен терен, во нивниот дом. Подгответе им го омиленото јадење, но не брзајте, бидејќи Раковите сакаат сѐ да оди постепено. Важни им се чувствата, дури поважни и од сексот, но не може да се каже дека се најверните од сите зодијачки знаци. Не се перверзни, но навистина сакаат секс во вода.

ЛАВ
Лавовите сакаат луксуз, сјај. Додворувајте им се на убави и интересни места, но и во природа. Пригушеното светло, добро вино, малку ласкање и кралот на животните ќе ви јаде од раце. Но не брзајте! Лавовите знаат што сакаат, затоа не вреди да ги терате во нешто со сила. Сакаат да доминираат. Гледаат порно филмови, но ретко заедно со својот партнер, сакаат да учат, да бидат во тек со новитетите кога е во прашање сексот. Не се промискуитетни, но не остануваат во врска во која нема емоции и љубов.

ДЕВИЦА
Девиците тешко се опуштат. Во тоа им помага убав долен веш, притаено светло. Сакаат внимание, но и ситни подароци и гестови. Тие се еден од најверните знаци во зодијакот. Наоружајте се со трпение и ќе уживате. Притоа, бидете максимално педантни. Девиците сакаат се, само не неред.

ВАГА
Вагите сакаат нештата да се одвиваат постено, да биде едноставно и убаво. Сакаат секс, секојдневно, но може да се воздржат. На нив чувствата им се на прво место. Не им е важно каде ќе водат љубов, односно, тоа може да биде на јавно место, во кујна, на подот. Лесно се прилагодливи.

СКОРПИЈА
Скорпиите се едни од најперверзините знаци. Знаат како да привлечат внимание кога ќе посакаат, но знаат и како да одбијат. Сакаат порно филмови и секс во најразлични пози. Ним им е потребен добар љубовник кој ќе се посвети максимално на тој чин. Не изневеруваат, освен ако нешто озбилно не е во ред со врската или бракот.

СТРЕЛЕЦ
Стрелците се авантуристи кои сакаат сѐ да пробаат и да знаат. Тие знаат дека искуството не може да се стекне само со еден партнер, па затоа често и менуваат. Гледаат да бидат отворени према сѐ и сешто, сакаат униформи, слобода во сексот, и ако партнерот не ги поддржува во тоа и нема енергија, нема да останат долго во нечиј живот. Сексот им е важен и за нив, само тој чин е показател дали сѐ е добро во врската во која се наоѓаат.

ЈАРЕЦ
Јарецот е највоздржаниот знак, но и најиздржливиот во секс. Верен е. Може со часови да измислува пози, да угодува на партнерот, но само ако сака. Доколку не се труди, треба да знаете дека ништо не чувствува кон вас. Тој е трпелив, но кога ќе дојде до сексуалниот чин, ќе сфатите дека вредело да се чека.

ВОДОЛИЈА
Тие сакаат сѐ да пробаат, да експериментираат, перверзни се. Не сакаат да чекаат за секс, но никогаш нема да го притискаат партнерот. Ако сакате секс во лифт, автомобил, на плажа… тогаш барајте ги Водолиите. На нив ништо не им е страно. Еротските филмови им се омилен жанр.

РИБИ
Сензуалните Риби сакаат секс со музика во позадина и добро вино. Квалитетната храна е одличен афродизијак за нив. Не се оптеретуваат со бројот на партнерите. Лесно губат интерес, а подложни се на паралелни врски, пред сѐ, исклучиво поради нескротлив сексуален нагон.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>