Top
zena

Која е разликата помеѓу умна и мудра жена?

Согласно вашите секојдневни постапки, можете да откриете дали спаѓате во категорија на умна или мудра жена.

  • Умната жена кога ќе пронајде грешка кај својот партнер, ќе му забележи и ќе го потсети дека го предупредувала повеќе пати.
  • Мудрата жена поддржува и расположува. И кога треба се преправа дека ништо не приметила.
  • Умната жена во кризна ситуација ќе земе се во свои раце и ќе му покаже на мажот како се живее правилно.
  • Мудрата жена неосетно ќе му го покаже правецот, за мажот тоа да го сфати тоа како своја идеја и ќе го поддржи да дојде до целта.
  • Умната жена ќе ги учи децата математика без оглед на сѐ.
  • Мудрата жена пред се ќе гледа во секој од нив личност.
  • Умната жена на работа ќе се погрижи да биде подобра од сите и да не прави грешки. Затоа повеќето колеги со неа ќе бидат многу претпазливи.
  • Мудрата жена помеѓу колеги ќе создаде атмосфера на љубов и топлина.
  • Умната жена во животот ќе ги замеша своите пораснати деца, ќе им дава совети и препораки, кои не ги ни барале, ќе им зборува за тоа како треба да ги воспитуваат своите деца.
  • Мудрата жена им дозволува на своите деца да добијат животно искуство и им дава поддршка во било која ситуација.
  • Умната жена ќе се бори со впечатокот на свекрвата, ќе се бори за својата независност од родителите, ќе се кара со нив поради нивните совети.
  • Мудрата жена ќе научи да се насмее, ќе ги слуша ќутејки и ќе се согласува со нив. И ќе работи по свое со љубов.
  • Умната жена сака да го промени светот. И да го преправи сите луѓе околу себе.
  • Мудрата жена почнува да се менува самата. И ги прифаќа сите такви какви што се.
  • Умната жена мисли дека е среќен тој што е во право.
  • Мудрата жена знае дека е во право тој кој е среќен.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>