Top
misteriozna zena

Хороскопски знак кој е многу поинаков од што се претставува

Ако покрај себе имате припадник на овој хороскопски знак треба да ги знаете овие негови карактерни особини, за кои никогаш не зборува. Раковите се молчеливи и не пуштаат никој во својот свет, Скорпиите се таинствени, но никој како овој знак не покажува една слика за светот додека сосема друга има внатре во себе. Без разлика дали Девицата е ваш партнер, колега или пријател добро е да ги знаете следните нешта.

Девиците се многу чувствителни, иако даваат сѐ од себе да го контролираат тоа, па затоа бидете внимателни. Чувствата ги потискаат длабоко во себе и за нив нема да дознаете сѐ до моментот кога ќе „пукнат”. Важно е на Девиците да им овозможите чувство на сигурност, да ги сослушате и да им бидете максимална поддршка за сѐ во животот. Молчат, толерираат и умеат да носат на грбот туѓи гревови и проблеми, но кога ќе експлодираат тешко е да се смират.

Со Девиците треба да кажете што мислите, да мислете што ќе кажете. Тие не сакаат ментални игри и не уживаат во претпоставки. Бидете искрени со нив, но вистината кажете им ја во блага форма и во вистинско време.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *