Top
Интересни факти за јаболкото

Интересни факти за јаболкото

Во текот на сезоната на јаболка, а и воопшто, прочитајте неколку факти кои веројатно не сте ги знаеле.

  • Јаболкото се верува дека потекнува од област која се протега помеѓу Каспиското и Црното Море
  • Во текот на една календарска година еден човек јаде просечно 65 јаболка
  • Едно јабоко со средна големина содржи само 80 калории
  • Јаболкото потекнува од фамилијата на рози Rosaceae
  • Доколку фрлите јаболко во вода, тоа нема да потоне поради тоа што содржи околу 25% воздух
  • Во 1989 година јаболкото било прогласено за официјално овошје на Вашингтон
  • Дрвото на јаболкото живее околу еден век
  • Највисокото јаболково дрво во светот има висина од 13 метри
  • Јаболкото помага за подобрување на меморијата и ја стимулира мозочната активност
  • Јадењето јаболко пред спиење е одличен начин за чистење и белење на забите
  • Најмалото јаболко во светот има големина на зрно грашок, додека најголемото е големо колку една тиква
  • Во античко време јаболката биле симбол за раскош и богатство
  • Во литературата јаболкото има многубројно значење, вклучувајќи искушение и реинкарнација
  • Денес постојат повеќе од 8.000 видови јаболка
  • Постои страв од јаболка, неговото медицинско име е Malusdomesticaphobia
  • За луѓето кои се љубители на јаболкото, се верува дека се харизматични и ентузијасти
  • Жителите на Турција јадат најголем број јаболка во текот на една година
  • Статистички, со првиот оброк најмногу се пие јаболков сок



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>