Top
jabolko

Јаболкото е чувар на здравјето

Сигурно и вие знаете дека јадењето јаболко треба да ви стане секојдневна навика. Тие го олеснуваат варењето на храната, содржат многу корисни материи кои го активираат одбрамбениот систем на организмот, го оневозможуваат таложењето на мастите во црниот дроб и заштитуваат од појава на рак.

Со нивното консумирање многу е полесно да се издржи диета, бидејќи содржат пектин, кој создава чувство на заситеност. Истражувањата покажуваат дека танинската киселина значително влијае на метаболизмот на мастите и го оневозможува нивното таложење во црниот дроб. Затоа танинот се користи во редукциските диети и ја оправдува народната мудрост дека јаболкото помага при слабеењето. Со јаболкото се внесува многу вода, се внесуваат и потребните витамини, минерали и растителни влакна. Јаболките помагаат и против дијареа. Потребно е редовно јадење на печено или варено јаболко, или пак компир од јаболка, особено во текот на зимскиот период. Препорачливо е да се јадат две свежи јаболка по појадок и вечера.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *