Top
Skijanje-iLike-mk

Правила за однесување на ски-патеките пропишани од ФИС

Кај популарните бели спортови, како и големиот број туристи кои решиле да зимуваат и да користат некои видови рекреации на снег, често може да дојде до незгоди и несакани случки на скијачките патеки.

Поради тоа Меѓународната скијачка федерација – ФИС донела правила за сообраќај и општо однесување на ски-патеките, кои треба да се почитуваат, како би се избегнале евентуални незгоди и со кои би се регулирал редот на патеките.

Овие правила се сублимирани во десет точки и донесуваат општи препораки за безбедно скијање и уживање во зимските спортови:

1. Секој скијач е задолжен да се однесува така, да со своето возење не го загрози и повреди другиот;

2. Брзината и начинот на скијање мора да се прилагодат на знаењето и вештината која ја има скијачот, како и на временските услови и условите на ски-патеките;

3. Ако се спуштате од врвот на патеката, мора да одберете правец кој не ги загрозува оние кои се спуштаат пред вас;

4. Обиколувањето на другиот скијач, дозволено е од горе и од доле и од лева и десна страна, но секогаш со определена оддалеченост како би се оставил простор за нормално движење;

5. Скијач кој сака попреку да го помине скијачкиот терен, мора со поглед да се увери дека горе и доле нема скијачи кои може да ги повреди со своето поминување. Истото важи и за секое застанување;

6. Секое прикочување или стоење на тесни и непрегледни делови на патеката не е дозволено, без некоја неопходна потреба. Ако скијачот паднал, мора што побргу да се тргне од тој дел на патеката;

7. Покрај ски-патеката може да се качува само од страна на патеката, поред работ. Ако видливоста е лоша, сите мора да се тргнат од патеката. Ова важи за скијачите кои се симнуваат пешки;

8. Должност на секој скијач е да ги почитува сообраќајните знаци на скијачките патеки. Жолтите знаци укажуваат на опасност. Знаците кои ја означуваат самата патека се со сина, црвена или црна боја, во зависност од тоа дали патеката е лесна, средно тешка или тешка;

9. Доколку некој скијач се повреди на патеката, должност е на сите кои ќе се најдат во негова близина, одма да му помогнат и да ја информираат спасувачката служба;

10. Секој кој е сведок или учесник на несреќен случај на патеката, должен е на барање на надлежниот орган да ја покаже својата лична карта или друг валиден документ од него.

Со почитување на овие правила и водејќи грижа за себе и за другите на патеката, ќе придонесеме да се намалат непотребните гужви и избегнат повредите, кои често можат да бидат многу тешки и да доведат до сериозни скршеници.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>