Top
guskanje

Хороскопски знаци кои најмногу сакаат гушкање

Ако веќе имате еден од овие знаци покрај себе, бидете сигурни дека тие никогаш нема да ве пуштат од својата прегратка и секогаш ќе го прават она што е најдобро за вашата љубовна врска.

Рак
Ракот е многу приврзан за луѓето околу него. Кога и да има чувства за некого, тој не може да се сопре при искажувањето. Па, кога е во врска, постојано ќе го „бомбардира“ партнерот со прегратки и бакнежи. Кога Ракот има силни емоции, едноставно не може да се воздржи.

Лав
Лавот ужива кога го обожуваат и кога му се восхитуваат. Токму затоа и кога станува збор за избирање партнер, потребна му е личност што ќе му даде многу внимание. Ако има партнер што целосно ќе му се посвети, тој ќе возврати така што нема да го испушти од своите прегратки.

Вага
Вагата е вистински романтичар. Кога се грижи за некого, таа едноставно мора да ги искаже сите емоции што ги чувствува. Затоа и ќе му купува мали подароци на партнерот и ќе го изненадува во текот на денот со ненадејни прегратки, покажувајќи му колку ѝ значи.

Риби
Рибите уживаат во врска што емотивно ќе ги исполни, па со цел да ја зголемат интимноста, тие ќе најдат начин како да ги искажат своите емоции. Тоа ќе го прават преку чести прегратки, особено кога партнерот не им е расположен, претворајќи се себеси во перничка за гушкање.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *