Top
inteligencija

Натпросечно интелигентни хороскопски знаци

Кога станува збор за интелигенцијата, во Зодијакот има четири знаци кои се издвојуваат од останатите и кои се сметаат за натрпосечно интелигентни. Порано ваквите луѓе на училиште ги нарекуваа „бубалици“.

Овен
Луѓето родени во овој знак никогаш не одат онаму каде што не се чувствуваат добро. Таму каде што се цени нивното знаење, таму се чувствуваат добро. Ако некого не го интересираат нивните способности, тој никогаш нема да има работа со Овенот и за него овој хороскопски знак секогаш е вистинска мистерија. Од Овенот може да се научи многу.

Вага
Вагите се вистински „бубалици“, но честопати успеваат да ги прелажат луѓето околу себе бидејќи зрачат со сексапил. Причина за тоа е нивната самодоверба и одлучност. Тие секогаш го остваруваат она што ќе го зацртаат, секогаш прават и зборуваат она што сакаат. Посебно се разликуваат од другите по начинот на облекување, едноставно не сакаат да припаѓаат на масата.

Стрелец
Ако човек роден во знакот на Стрелец верува дека нешто има смисла, тоа ќе го направи. Ќе стојат со часови на дожд за да добијат влезници за концерт или фотографија од омилената ѕвезда. Тие живеат во свој свет, а оној кој ќе успее да влезе во нивниот свет, ќе се зарази со страст.

Јарец
За личностите родени во знакот на Јарец меѓучовечката интеракција не им паѓа лесно. Озборувањето и празните муабети за нив се ужасни. Зошто да разговараат за времето и работата, кога има толку интересни и напнати теми? Јарецот е паметен, повлечен и често лута со мислите. Кога Јарецот ќе наиде на истомисленик, тогаш заедно потонуваат во нивниот свет, среќни и радосни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>