Top
taga-iLike.mk

Фази на тагувањето

Секој од нас доживеал тага, но кај секого се разликува начинот на манифестирање и времето на траење. Следниве неколку фази се случуваат кај повеќето од луѓето кои тагуваат.

Негирање
Кога ќе почнат да се случуваат лоши работи, многу луѓе не се свесни што им се случува. Првата фаза во процесот на тагување е негирање.

Емоции
Втората фаза настапува кога луѓето стануваат свесни дека нешто им се случило. Не можат да ги контролираат своите чувства и постојано плачат.

Депресија
Следна фаза, после плачењето е фазата на депресија, која доколку е сериозна може комплетно да смени некоја личност.

Каење
После фазата на депресија доаѓа фазата на каење, која ќе ве поттикне да размислувате како можело да се спречи ваквата ситуација.

Прифаќање
Кога ќе поминат сите претходни фази и работите тргнуваат на подобро, станува збор за фазата во која се прифаќа ситуацијата и се презема контрола над емоциите.

Надеж
Фазата надеж следува откако оние кои тагувале почнуваат да гледаат позитивно кон иднината. Можеби повторно ќе се чувствуваат тажни, но барем ќе успеат да функционираат нормално.

Соочување
Последната фаза од процесот на тагување, кај некои доаѓа порано, а кај некои подоцна. Во оваа фаза луѓето најуспешно се носат со животните промени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>