Top
beautiful girls sharing secrets

Дали жените умеат да чуваат тајни?

Ако одговорот на прашањето „Дали жените умеат да чуваат тајни?“ е потврден, тогаш или се лажете себе си или сте една од ретките жени, бидејќи просечна жена умее да чува тајна околу 32 минути. Овој податок е благодарение на тестирање кое било спроведено на околу 3.000 жени, а студијата покажала и други, катастрофални резултати.

Дури 85% од испитаничките признале дека не се во состојба да ја чуваат тајна без разлика на нејзината важност, а половина од нив кажале дека чувствуваат огромно олеснување кога тајната ја споделиле со друго лице. Луѓето најчесто ги кажуваат тајните на другите – најдобриот пријател, партнерот или некој од најблиското семејство. 40% од жените сметаат дека тоа е сосема во ред, а дури 13% уживаат во озборувања. Само 25% од жените кажале дека откако ја слушнале тајната, се чувствувале виновни, што е, секако, катастрофално.

Довербата е клучот за секој однос, особено за пријателството. Обидете се да не ја изгубите довербата, бидејќи не добивате ништо, а многу ќе изгубите со прекажување нечии тајни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>