Top
Boja_na_kola_iLike_mk

На кој автомобил каква боја одгoвара?

Ако планирате да купувате нов автомобил, или тој што го имате да го освежите со некоја нова боја, имајте во предвид дека е важно бојата на автомобилот да одговара на класата на која припаѓа моделот.

Белата со години била типична боја за службени возила. Пред 4 години повторно се врати во мода, и тоа кај автомобилите од средна и повисока класа. Сепак, овој тренд може брзо да помине, па размислете пред да се одлучите за бел автомобил.

Со црна боја не можете да погрешите. Дури и малите модели автомобили исгледаат отмено во оваа боја, така што црната на некој начин ја покачува вредноста на секој автомобил и дефинитивно не излегува од мода.

Сива боја одговара на возила од повисока класа. Ако возите мал градски автомобил не се препорачуда да ја изберете сивата боја.

Сребрената, пак, сè уште е најпопуларна боја за автомобилите, и речиси сите модели во оваа нијанса изгледаат добро.

Црвена одговара на помалите автомобили, но најмногу до средна класа.

Жолта боја одговара само на спортски модели и на помали автомобили.

Што се однесува на зелената, прифатлива е само темно зелена нијанса.

Сината може да изгледа добро кај помалите автомобили, а кај поголемите модели доаѓаат во предвид само потемни тонови на сино, додека сина металик би одговарала на речиси сите модели.

Бронзени и кафеави нијанси на автомобили се многу специфични. Ако нијансата е погодена овие бои можат да изгледаат добро за секоја класа на автомобил.

Розева боја е целосно неприфатлива, освен ако сте горда сопственичка на „Буба“ од седумдесет и некоја година.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>