Top
Izgorenici_od_sonce_pri_vozenje_iLike_mk

Можеме ли да изгориме од сонцето додека возиме автомобил?

Луѓето кои често возат се најмногу изложени на опасности од сончевите зраци. Реално, сериозни изгореници од сонцето не можете да добиете преку стакла и прозорци, но тоа не значи дека стаклото ве штити од штетните зраци. Стаклото го блокира минувањето на УВБ зраци, но ако не е специјално направено, тоа нема да ве штити од опасните УВА зраци.

Иако, бројни здравствени организации низ светот настојуваат луѓето да ја научат разликата меѓу УВА и УВБ зраците, голем дел од светската популација и натаму е во заблуда и верува дека ако нема видливи изгореници од сонцето на кожата, не е ништо. За жал, тоа и не е баш така.

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ УВА И УВБ ЗРАЦИТЕ?
УВБ зраците предизвикуваат изгореници кои ги добиваме ако сме долго изложени на сонце. Последиците се очигледни – црвенило на кожата, болка, пецкање. УВА зраците не делуваат моментално на кожата, но со текот на годините и изложувањето на соннце, тие зраци ја зголемуваат видливоста на оштетеност на кожата, а тоа се манифестира преку дамките на кожата, па таа изгледа набрано и остарено, а во најтешки случаи предизвикува и меланом.
Иако, УВБ зраците придонесуваат за стареење и оштетување на кожата, нивното делување во текот на зимата драстично се намалува.
УВА зраците пак, се подеднакво присутни во секој период од годината. Тие се посебно штетни за возачите. Овие зраци многу лесно минуваат низ класичните стакла и прозорци.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ?
– Размислете да ги обложите стаклата од автомобилот со заштитни фолии,
– Затворајте ги прозорците – кога тие се отворени тогаш сте изложени на поголема количнина на УВА и УВБ зраци,
– Додека возите имајте на себе облека со долги ракави,
– На задните прозорци ставете заштитни мрежи како би ги заштитиле децата,
– Користете креми со заштитен фактор,
– Купете очила за сонце со 100% заштита од УВБ и УВА зраците бидејќи очите се многу чувствителни на сонце.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>