Top
Koja_e_vasha_omilena_boja_iLike_mk

Вашата омилена боја открива многу нешта за Вас

Психологијата на боите го поврзува карактерот на личноста со нејзиниот избор на бојата на облека, обувки, мебел, автомобил, постојат и цели теории кои се занимаваат со последиците од впечатокот на боите на човекот. Истражувањата покажале дека луѓето се повесели кога ги опкружуваат топли и светли бои бидејќи ги потсетуваат на сонцето, но тоа не е сè што се открива Вашата омилена боја за Вас!

Страсните личности ја обожаваат црвената боја која привлекува внимание, па дури и мали детали во црвена боја може да ги разбудат сетилата. Црвената боја ја истакнува самодовербата и дава чувство на моќ. Црвената е боја на сила, здарвје и виталност. Оптимистите и оние кои не ја сакаат монотонијата ја обожаваат црвената боја.

Доколку сакате да доминирате, да привлечете внимание и да ја потенцирате Вашата личност тогаш Ваша омилена боја е жолтата. Инаку, оваа боја дава елан и ја зајакнува самодовевербата, расположува и асоцира на сончеви зраци и насмеани лица. Жолтата боја го стимулира мозокот и може да ја зголеми креативноста. Исто така, таа е боја на среќа, мудрост и фантазија.

Вие кои што ја сакате црната боја делувате професионално и решително, но исто така можно е да оддавате и чувство на дистанцирање. Луѓето кои што сакаат црно сакаат да изгледаат мистериозно и не сакаат да го покажуваат своето вистинско лице.

Љубителите на виолетовата боја се идивидуалци, чувствителни, досетливи, креативни и се разликуваат од другите или се трудат да се разликуваат. Толерантни се, а обично симболизираат личости кои зрачат со достоинство и возвишеност. Лесно стануваат авторитативни и се искачуваат на високи позиции.

Оние кои тежнеат кон совршеноство и се стремат кон тоа, белата боја ги издава. Белата боја е симбол на чистотата, наивноста и невиноста. Со други зборови, се поврзува со едноставен живот.

Розевата боја за Вас вели дека сте шармантни и нежни, личност која се грижи за другите и лесно пристапна личност. Розевата боја симболизира љубов и привлечност без многу страст.

Профеционалците и софистицираните личности ги одликува сивата боја, меѓутоа и не правото лице, бидејќи тие често умеат да го скријат вистинското „јас“. Сепак, сивата боја е боја на вниманието и компромисот.

Сината боја покажува дека вие сте грижливи, верни, трпеливи и сочувствителни. Сината е боја најповрзуана со здравиот разум. Таа е пријатна, смирувачка и доведува до релаксација на телото. Во темни нијанси, сината знае да биде здодевна, а пак некои светли нијанси предизвикуваат непријателска атмосфера.

Најпријатна боја за очите е зелената, па така, таа може и да ги смири лошото расположение и емоциите. Зеленото ја симболизира ведрината на човекот. Асоцира на живот, растење и природа.
Доколку сакате подобро да се вклопите во работната околина или да избегнете некоја одговорност, тогаш облечете некое парче со зелена боја. Љубителите на зелента боја се дружењељубиви, искрени, скромни, трпеливи и многу се цивилизирани.

Љубопитните со немирен дух, добродушните, но понекогаш и непостојаните сакаат портокалова боја. Се вели дека портокаловата боја е среќна боја може да ја намали депресијата со тоа што ќе ја зголеми енергијата и возбудата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>