Top

Модернизирана варијанта на Мерцедес Е63 АМГ

Конечно Mерцедес реши да ја загрози позицијата на BMW М5. Е63 кој важеше за еден од најбрзите супер седани, можеби и најзабавниот супер седан, сега доаѓа во застрашувачка варијанта. За прв пат ќе се нуди 4Matic систем со распределба 33:67 во полза на задниот погон. Ако претходно имаше некаква слабост тоа беа свиоците, но сега тоа е минато. Ќе остане во понуда и погон само на задните тркала за оние кои сакаат повеќе забава. Моторот е 5.5 литри битурбо кој што во стадарната варијанта испорчува 557 коњски сили и 720 Nm.

Забрзувањето од 0 до 100 се постигнува за 4.2 секунди, односно 3.7 за варијантата со погон на сите тркала.

Дали можете да претпоставите како овој ѕвер е прифатен од BMW и како веќе кројат планови да го возвратат ударот?



Автор: Јовановски Горан

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *