Top

Имате $15.000 вишок? Тогаш набавете си ја оваa 1965 Ford Mustang маса за билјард.

Мажите сакаат коли. Мажите сакаат да играат билјард. Едноставно е да се повлече една линија помеѓу овие две работи – мажите уште повеќе би сакале да играат билјард на кола...

Тоа е нашата замисла за тоа како е родена идејата за оваа Mustang маса за билјард.

Направена е од фиберстаклена шасија преземена од Mustang од 1965 и може да се нарача во различни бои. Масата за билјард доаѓа комплет со тркала, гуми и алуминиумски бандажи. Изгледа тотално автентично, ако го занемариме горниот дел каде што всушност се наоѓа билјардот и се фиксираме само на долниот дел нема ни да забележиме дека ова не е вистинска кола.

Повеќе детали за лиценцираниот Mustang производ и како до него на www.gt.mk.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>