Top

ГО САКАМ ЊУЈОРК од Линдзи Келк во издание на САКАМ КНИГИ

Да претпоставиме дека сте на свадбата на вашата најдобра пријателка. Деверица, во преубав тесен фустан за кој сте се мачеле како грешен ѓавол да ослабнете и со преубав пар Кристијан Лубутон на нозете. Се радувате за вашата пријателка, погледнувате во својот свршенички прстен и се надевате дека на вашето момче во скоро време ќе му текне да го одреди вашиот датум, се надевате дека вие сте следни на списокот.

И тогаш прекрасниот Лубутон почнува вечерта да ви ја прави пекол, нозете ве болат и одите до колата за да ги земете вашите удобни, рамни чевли… А таму?! Таму вашето момче, со испотено лице и пантолони спуштени до земја. Под него, некоја евтина девојка која ужива на задното седиште од вашиот заеднички автомобил!!! Она што требаше да биде семеен автомобил за вас двајца и вашите деца!

Светот се руши, ви доаѓа да му ги забодете штиклите во празната глава и да врискате на цел глас! ИЛИ… едноставно да побегнете, да, таму каде што не е Марк, таму каде што не е евтината блудница, таму каде што ги нема „пријателите“ кои ве гледале во очи и ве лажеле, таму каде што секој има шанса да стане некој нов – ЊУЈОРК! Има ли подобро место на целиот свет?!

И тоа едноставно се случува… Анџела скокнува на првиот лет за земја во која луѓето разбираат англиски и едноставно бега! Не знае што ја чека, не е свесна што прави, единствено нешто што знае е дека не може да остане повеќе таму. Ах да, и пред да побегне, во бес и паника, не сакајќи му го крши прстот на младоженецот или можеби цела рака… Но кој може да ја обвини?!

Запознајте ја Анџела Кларк! Девојка која учи повторно да го живее животот, да стане некој нов. Девојката која последните 10 години од животот ги поминала само со еден човек, а сега наеднаш таа флертува, излегува со други луѓе и повторно се заљубува иако мисли дека тоа е невозможно! Воедно, запознајте ја Линдзи Келк, нова, но исклучително забавна и талентирана авторка! „Го сакам…“ треската на Линдзи веќе зафати многу земји од светот, а сега доаѓа и кај нас. Тоа е новата и помлада Кинсела!

Има безброј критики за оваа книга и сите упатуваат кон исто. Оваа книга мора да им се допадне на сите љубители на Сексот и градот. Оваа книга мора да ја обожаваат сите што ја обожаваат Кинсела. И ова е книга која ќе ви ја прикаже чик литературата во едно од своите најдобри светла.

П.С. Уште една работа што оваа книга ја прави особено единствена и уникатна е посветата која ја носи на првата страна. Аха, посвета. Од авторката на книгата до сите членови на Сакам Книги. Само за нас. Колку проклето неверојатно е тоа?! Остварување на сонот за мене, не знам за вас…

Книгата може да се купи во книжарница ТРИ, ГТЦ први кат по цена од 380 денари и во Spaiva Computers, на улица Водњанска (веднаш под пицеријата Галија) каде добивате членска картица за 10% попуст на оваа и сите следните книги на издавачката куќа САКАМ КНИГИ и ја купувате книгата по цена од 340 денари.

А сега оставете ни коментар овде, кажете ни зошто сакате да ја добиете оваа книга како подарок, а потоа iLike.mk и САКАМ КНИГИ на еден од Вас ќе му ја подари оваа книга за Нова Година

Добитничка на книгата е Александра Тодоровска. Наградата може да си ја подигнете во Спаива (ул.Водњанска, под ресторанот “Галија”) од понеделник до петок (10-19h) или сабота (10-15h).
При подигнувањето на книгата доволно е да кажете дека сте добитничка на книгата “ГО САКАМ ЊУЈОРК” преку iLike.mk.
И да.. очекуваме да споделите со нас како Ви се допаднала книгата ;)

Facebook FAN page




39 Коментари

  • frosina dimishkovska вели:

    Pregolem obozavatel sum na chik literatura i bi sakala ovaa kniga da bide del od mojata mala bibloteka koja sto se trudam postojano da ja nadograduvam.

  • Marija Peica вели:

    ko stvorena za mene,so skrseno srce,ucam pak da ziveam i da go gledam svetot so rozevi ocila
    obozvam da citam,a so ovaa kniga i plus ke uzivam:)

  • Ana Dimitrijevska вели:

    Ednostavno bi sakala da si gi ispolnam ovie zimski denovi so edna vakva interesna kniga ;)

  • magdalena krstevska вели:

    Mnogu bi sakala da ja dobijam i da i ja poklonam na mojata vnuka koja e odusevena od ”Seksot i gradot” ,a so toa i od NJujork . Mislam deka ke se zapoznae uste poveke od ubavinata na pisaniot zbor koj uspevam da i go vkorenam so mojata golema biblioteka. Vi blagodaram odnapred. Pozdrav i srekni praznici sto ni prestojat.

  • Sabina Mehovik вели:

    И јас исто така сум голем обожавател на чик литературата и уште прв пат кога ја видов книгата и прочитав статија за истата посакав да ја прочитам. Досега немам добиено книга од САКАМ КНИГИ и навистина би била пресреќна доколку јас ја добијам.

  • Ana вели:

    Ne ucestvujem u nagradnoj igri, hocu samo da kazem da je knjiga fenomenalna! Ja sam je citala letos na moru i smejala sam se na sred plaze :D I na kraju ima jedna fenomenalna stvar, vodic kroz NY, ako nekada odete, da znate gde treba da idete :)

  • aleksandar stavrov вели:

    go sakam njujork i ja sakam knigata

  • BILJANA вели:

    sekoja zena treba da ja ima doma:))

  • Маја Ристовска вели:

    Во план ми е да ја купам, но ако ја добијам на подарок задоволството е уште поголемо. :) Според ова што го прочитав ова е книга за секоја млада урбана дама… Јас сум страстна обожавателка на Gossip Girl, и гледам дека оваа книга е со слична тематика. Но, се до крајот на јануари, Госип прават пауза со нови серии :( , па книгава како порачана се појави баш сега, одличен начин да избегаме од досадното секојдневие, со одличните доживувања на модерните девојки, некаде во елитата на Њујорк

  • Biljana Andreevska вели:

    Дали можеби знаете каде во Битола може да се купи книгата?

  • Irena Mirceska вели:

    Zatoa sto sum ljubitel na Sex And The City! :)

  • Vaska Krsteva вели:

    nikogas ne sum bila vo NY se sto znam e od filmovite bi sakala preku ovaa kniga da go dolovam duhot na ovoj grad

  • Tanja Stojkovska вели:

    I jas go sakam Njujork :D :D slusnav deka e knigata mnogu dobra :) bi sakala da ja imam knigata, a dokolku ja dobijam toa ke mi bide najubav novogodisen poklon:)))

  • Марија Д. вели:

    Премногу причини за да ја добијам книгата но би издвоила тоа што се работи за еден од најубавите грдови Њу Јорк,а воедно книгите со вакви содржини се најубави и најинтересни едноставно не можете а да не ја прочитате во еден здив.Вие навистина би можеле да го замените Дедо Мраз ова година,а јас едноставно да се надевам дека ќе ја добијам оваа книга:)))

  • Jasminka Petrova вели:

    nema mesto vo svetot kade sto poveke bi sakala da otpatuvam ….New York e mojata dolgogodisna zelba na mojata wish lista….knigava e edinstveniot nacin kako za moment da se preselis tamu iako si samo so mislite a so teloto ne…..
    se sto nosi naslov NeW York i e povrzano so istoto def vredi da bide del od secija kolekcija na knigi….ke mi bide zadovolstvo da ja dobijam ovaa kniga bidejki sum podednakvo shik kako sto e i ovaa kniga i sekako ona moto koga srceto kazuva ljubov kazuva New York!!!!:)

  • Нада Томова вели:

    Би била пресреќна кога би ја добила книгава..А едвај чекам да излезат и другите два дела од истата авторка. Со должна почит кон сите литературни правци и трендови, овој тип на модерна литература (чик литература) навистина ме опушта и изнудува насмевка на моето лице, ма колку да ми бил тежок и напорен денот. Честитики за сакам книги, нашата нова и надежна изавачка куќа..Ви посакувам од се срце многу успех и многу многу издадени книги во иднина :)

  • Frosina Spasevska вели:

    Ja sakam, ja sakam, ja sakaaam :))) AAHHhhhhhh New York… eden den se nadevam kje go vidam :))) Kje bidam mnogu radosna ako mi ja podarite mene ovaa kniga, bidejki da bidam iskrena sakam da si ja kupam ama plata nemaaa :))) docnat so isplata a praznici se blizat :))) Mnogu sakam novogodisni podaroci :)))

  • Stefani Arsovska вели:

    Доста голем обожавател сум на чик литературата, така што силно силно силно посакав оваа навидум интересна книга да биде токму моја, да бидам пред новогодишно изненадена од ваша страна со овоој скромен, но сепак голем подарок. Градот Њу Јорк, град од соништата,град за кој мечтаеме, добрите и лоши случувања на младата девојка, девојка во која би се препознале дел од читателите.. Оваа делумно позната тематика ме правии нестрлива, возбудена и со задоволствоо го очекувам денот когаа оваа книга ќе се најде во моите рацее .. Ви блафодарам однапред ! Поздрав

  • Ивана Николовска вели:

    Го сакам Њујорк и се надевам дека некогаш и ќе имам можност да го посетам. Ја обожавам ваквата литература и баш би сакала да ја имам книгата! Според напишаното, можам и да се препознаам во неа :)
    Благодарам однапред!
    Поздрав од Куманово ;)

  • private student loan вели:

    Wow this is a great resource.. I’m enjoying it.. good article

  • Ivana terziska вели:

    Ja sakam knigata bidejki mislam deka ke bide sovrshen podarok za moja draga prijatelka :)

  • МАРИЈА НАЈДАНОВСКА вели:

    … SAKAM KNIGI …

  • Sunshine Marija вели:

    … ЗАСЛУЖУВАМ НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК … А КНИГАТА “ГО САКАМ ЊУЈОРК” Е ОДЛИЧЕН ПОДАРОК … СРДЕЧЕН ПОЗДРАВ !!!

  • Ананда Т вели:

    Само сакам да кажам СЕКОЈА ЧЕСТ САКАМКНИГИ ЗА ОВОЈ ПОТЕГ! Уште еднаш покажавте дека сте сериозни, амбициозни а Богами и модерни! Многу се радувам за освежувањето на литературата која може да се најде кај нас..Сметам дека вакво нешто дефинитивно ни требаше. Без сајтот сакамкниги.мк не можам ни да замислам да ми помине денот, а кога видов дека станавте и издавачка куќа ми се исполни желбата..Па доста читам на компјутер, од причина дека некои книги не можам да ги најдам кај нас..Е сега се надевам на уште интересни книги, кои со задоволство ќе си ги купам и чувам во мојата библиотека..Поздрав до сите а особено до Ивана..која љубителите на добра книга дефинитивно ги награди со печатење на едно вакво дело! САКАМ КНИГИ И ВЕЧНО ЌЕ ГИ САКАМ :))

  • Ива Китановска вели:

    Хммм малку е чудно кога се поставува вакво прашање на book-junkie :))
    Дури и во сон да бидам испрашувана, ќе одговорам исто – го имам најубавиот, најдлабокиот и најпродуктивниот, барем во умствена смисла, порок на денешницата!

    А веќе кога се однесува на Сакам Книги, гордо кажувам дека сум нивен поддржувач, фан и афирматор на се што работат – браво и за Вашата соработка со нив, само напред..!
    … и особено ме радува ваквата празнична иницијатива :)

    Поздрав од Гостивар,
    Ива

  • Валентина Милошеска вели:

    Cuz i love New York too :D

  • berna bajram вели:

    znaci knigava e AU
    bash e takva tinejdzerska,bas mi e za moite godini,za mojava sostojba -.-
    bi sakala da ja dobijam za podarok….dobro bi mi dosla vo kolekcijata so tinejdzerskite knigi

  • Александра Тодоровска вели:

    Ме заинтригира краткава содржина, сметам дека би сакала да ја имам во мојата домашна библиотека. Ме интересира како оваа девојка (која отприлика е на моја возраст) понатаму застанува на свои нозе и врти нов лист во животот. Како таа на крајот успева да се избори со суровата реалност и да не пушти ни една солза пред другите, за да не ја покаже својата слабост .
    Се надевам овие причини ќе бидат доволен мотив, да го добијам овој прекрасен подарок.

  • Ivana Dzekovska (: вели:

    Me zaintrigira sodrzinata na knigata i me potseti na mojata drugarka koja mislam deka knigava kje i bide motiv da se krene na noze . .Bi i ja cestitala novata godina so ova kniga, a pritoa i jas bi ja iskoristila (: <3

  • Марија Антевска вели:

    ЗАТОА ШТО САКАМ КНИГИ(ПОСЕБНО СО ВАКВИ СОДРЖИНИ), НАГРАДИ, ГО САКАМ ЊУЈОРК, И САКАМ НЕКОГАШ И МЕНЕ ДА МИ СЕ ПОСРЕЌИ НА ВАКВИ “НАГРАДНИ ИГРИ” И ДЕФИНИТИВНО ЈА ЗАСЛУЖУВАМ КНИГАВА ВО МОЈАТА МИНИ БИБЛИОТЕКА СО КНИГИ СО СЛИЧНИ ЖАНРОВИ НА ОВОЈ…

  • Nadica Ilievska вели:

    Zatoa sto ednostavno ja posakuvam knigata i sakam da ja procitam i imam vo svojot dom :)))

  • Mila Majhoseva вели:

    Bi sakala da go osetam ritamot na New York so pomos na ovaa kniga. Sakam da citam knigi so interesni sodrzini. Ponekogas se pronaogam vo niv. I sekako bi sakala da ja imam knigata vo moi race :-)

  • Aleksandra Anastasovska вели:

    затоа што обожавам книги и го обожавам њу јорк…а книгава е спој од двете нешта што ги обожавам!!!!!

  • Ивана Караџа вели:

    Сакам книги и го сакам Њујорк :)

  • elenagakesa вели:

    bi sakala i jas da ja imam ovaa prekrasna kniga vo mojata seuste mala kolekcija na knigi……blagodaram mnogu

  • Bojanna Delach вели:

    Bi sakala da ja imam ovaa kniga bidejki se raboti za eden od najubavite gradovi vo svetot ( spored mene ) i bi sakala da ja procitam i ponatamu knigata , da doznaam se sto se slucuva i sekako ovaa kniga e tolku interesna ednostavno kazano se cita vo eden zdiv!

  • Тамара Тосева вели:

    Затоа што многу сакам да читам книги. Обожавам авантури , комедични и љубовни книги ..тие ме инспирираат. Едноставно ми се свиѓа содржината и сигурно ќе ми се допадне книгава…
    Не пишувам многу како другите надевајќи се дека моето е најдолго и ќе ме изберат ако ме изберат арно сум си имала среќа..ако не не. Важно почетокот знае колку ја обожавам книгава:))

  • Sara Miley вели:

    Prekrasna kniga !!!

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *