Top

Жена во црвено

Жена во црвено се наоѓа некаде на границата помеѓу добра драма преполна со емоции и трилер приказна која сепак ве тера да се запрашате како сето ова ќе заврши…

Алис Кеслер поминува девет години во затвор поради обид за убиство на пијаниот возач кој го прегазува нејзиниот син. По тие девет, за неа премногу тешки години, таа се враќа назад каде што некогаш била.

Всушност, што зборувам јас? Тоа не е вистина!

Таа никогаш не била тука каде што нејзиниот маж ја остава, нејзиното дете е мртво, а другиот син е толку повреден и засрамен од неа што не сака ниту нормално да разговара со неа…

И таа дефинитивно не била онаму каде човекот кој за неа сите овие години беше мртов и поради кој беше во затвор, сега е градоначалник на нејзиното родно место…

Во оваа книга не се работи само за мајката која причината за живот ја гледа во нејзиното единствено останато живо дете и желбата повторно да се поврзе со него. Не! Ејлин Гоуџ во оваа книга многу вешто успеала да испреплете неколку приказни кои имаат сопствена убавина…

Тука е големата љубов на нејзината баба, тука е трагедијата на некогаш успешниот адвокат кој сакајќи да побегне од сите лоши спомени доаѓа во нејзиното родно место односно родното место на неговиот дедо, тука е приказната за нејзиниот син кој е обвинет за силување… Ви се чини дека премногу приказни се наоѓаат во една книга од триста и нешто страници? Па, не грижете се! Сите тие се така убаво споени и прелеани една во друга што ќе имате чувство дека читате само една, навистина богата приказна…

„Ејлин Гоуџ, прекрасна како и секогаш, ја напиша својата најдобра книга до сега. Жена во црвено е истовремено и длабока и интимна, огромно платно врз кое се протегаат времето и местото, како и нежен семеен портрет. Ја зедов книгава в раце и не можев да ја оставам додека не ја завртев последната страница. Подгответе се: овој роман ќе ве обземе. Неговата величественост не може да се опише со зборови.“

Статијата ја напиша: Ивана Николовска | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




5 Коментари

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *