Градникот честопати може да биде многу неудобен. Мидерот ги затега колковите и со тоа жените изгледаат послабо, но тој навистина премногу стега. Тесните пантолани пак ги притискаат бутините, а високите потпетици формираат болни меурчиња на нозете.
Фотографот Џастин Бартел забележал нешто навистина вознемирувачко додека се забавувал со девојките. Сите имале лузни и траги на кожата.
Џастин вели:
Ме интересираше зошто толку многу жени имаат лузни на кожата. Тие лузни беа од носење неудобна облека и обувки, со цел да ја импресионираат околината или поради самодоверба. Тоа едноставно никогаш не ми беше јасно.
Носењето на ваква облека резултира со траги на измачената кожа, кои ни најмалку не се секси!
Инспириран од овие ситуациии, фотографот изработил цела тематска фотосесија насловена како „Impressions“.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!