Top
pcenka

Зошто да јадете пченка?

Пченката е плод кој може да го подготвувате на многу начини и е неизоставен дел од варива, салати или макала. Освен убавиот и благ вкус, пченката има богати нутритивни својства. Една шолја варена пченка содржи само 124 калории, што значи дека може да биде одличен сојузник во борба против несаканите килограми. Содржи мала количина заситени масти и соли, а голема количина железо и влакна, фолна киселина, витамин Ц, Б6 и Б9.

Пченката ги има следниве позитивни ефекти на здравјето:
– го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести
– ја намалува апсорпцијата на холестерол во телото
– го контролира дијабетесот
– ја контролира хипертензијата
– ја намалува можност за враќање на хемороиди
– го регулира варењето на храната
– ги зајакнува коските
– делува позитивно на кожата и видот

Пченката е совршен додаток на многу јадења и салати, а овие позитивни ефекти ќе ве поттикнат да ја вклучите во секојдевната исхрана.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>