Top
kivi

Здрави намирници кои треба да ги имате во својот дом

Храната која ја консумираме во голема мера влијае врз нашето здравје. Токму затоа, во вашата кујна секогаш треба да ги имате следните неколку намирници.

Јајца
Според одредени истражувања уделот на регенеративниот витамин А во кожата се зголемува за 20% само по две недели редовно консумирање на јајца.

Сок од цвекло
Овој сок го стимулира протокот на крв во мозокот и го спречува или го забавува влошувањето на менталните функции. Освен тоа, цвеклото ја подобрува физичката способност.

Риба
Омега-3 масните киселни ги поттикнуваат мозочните функции, а освен тоа ја „пополнуваат“ кожата и ги редуцираат брчките. Рибата е една од намирниците кои го намалуваат ризикот од дегенеративни промени на бојата на кожата.

Сок од капини
Антиоксидансите го неутрализираат ефектот на стареење на клеточното ткиво, а сокот од капини е исклучително богат со овие материи.

Киви
Внесувањето на витамин Ц во организмот значи здравје, сјајна кожа и подобар имунитет. Научниците откриваат дека организмот полесно го апсорбира витаминот Ц од кивито отколку оној го има во витаминските додатоци.

Кељ
Овој зеленчук со веројатно најбогатата содржина на хранливи материи е одличен извор на фолна киселина, чија консумација го намалува ризикот од загуба на слухот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>