Top
Child with spring flower.

Поучна приказна за секој родител

Животот поминува премногу брзо и секој наоѓа малку време за најблиските, а времето го поминува во работа. Материјалното исчезнува, суштината останува, но ретко кој ја забележува. Ова е кратка приказна после која едноставно ќе посакате да ги прегрнете своите најмили.

Девојчето ја украсувало малата кутија со златна хартија за да ја стави под елка. Кога дознал таткото дека девојчето потрошило многу пари за ролна шарена хартија ѝ се налутил. Следното утро девојчето го донело подарокот за својот татко.

„Ова е за тебе, тато!“ – му рекло девојчето.

Таткото ја отворил кутијата и видел дека е празна, не ѝ придал никакво значење и ја оставил на страна.

„Кога некому му даваш подарок во кутија, нели би требало и да има нешто во неа?“ – прашал таткото.

Девојчето го погледнало таткото со солзи во очите.

„Тато, но подарокот не е празен, исполнет е со моите бакнежи, сите се за тебе“- одговорила таа.

Таткото се посрамотил и се почувствувал многу непријатно. Ѝ се приближил на својата малечка и силно ја прегрнал.

Уште многу години од својот живот таткото ја чувал златната кутија до креветот.

Кога и да се почувствувал тажно и скршено, тој ја отворал кутијата и помислувал на љубовта која неговата ќерка ја ставила во неа. Тоа секогаш му помагало да си го подобри расположението.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>